Напишано од  Понеделник, 11 Март 2013 18:41

Овошен шејк за убаво расположение

ovoshen shejk

Овошјето ќе ви стане најдобар пријател. Како? Па секако со разните рецепти за овошен шејк.

Со овие лесни рецепти  можете да имате прекрасен здрав додаток во вашата исхрана, потребен ви е само каков и да е апарат за матење.

1. Банана шејк - Изматете две банани, додадете половина шолја јогурт со вкус на ванила и исто толку млеко, две лажички мед, малку цимет и една шолја мраз.

2. Шејк со банана и јагоди - Една банана изматете со една шолја јаготки, по половина шолја јогурт со вкус на ванила и млеко и две лажички мед.

3. Шејк со малини и портокал - Изматете една шолја сок од портокал со една шолја малини, додадете половина шолја јогурт, една шолја мраз и шеќер по вкус.

4. Шејк со праска, манго и банана - Изматете една шолја свежи исецкани или замрзнати праска и манго, една шолја јогурт, една шолја мраз, половина банана и додадете шеќер по вкус.

5. Шејк со диња и бадеми - Изматете две шолји исецкана диња, една шолја бадемово млеко, додадете една шолја мраз и мед по вкус.

6. Шејк со киви и јагоди - Изматете две шолји јагоди, две киви, две лажици шеќер и две шолји мраз.

7. Шејк со цреши и ванила - Изматете една и пол шолја исчистени замрзнати цреши, една и пол шолја млеко, три лажички шеќер, половина лажичка екстракт од ванила, малку екстракт од бадеми, прстофат сол и една шолја мраз.

9. Шејк со мандарини и мед - Излупете и извадете ги семките од 4 мандарини, потоа изматете ги, додадете сок од две лимети, две лажици мед и една шолја мраз.

10. Шејк со боровинки и банана - Изматете една банана, една шолја боровинки, половина шолја кокосово млеко, една лажица мед, една лажица сок од лимета, додадете малку екстракт од бадеми и една шолја мраз.

 

ИНТЕРВЈУА

РЕЦЕПТИ

Најчитано

Препорачано

 

Денови

Хуманитарни

Error: Any articles to show