fullDatetime-to-read.short-label

Деловите кои ја прават Еуфорија целината што ја сакаме (прв дел)

post.update-date

Втората сезона на Еуфорија заврши пред еден месец, сруши секакви рекорди на гледање(на ХБО само Игра на тронови ја има надминато), и покрај тоа што ја чекавме две години - и ќе ја чекаме уште две: третата сезона е најавена во 2024 - се́ уште сме под импресии. Во еден момент траумата која ја сведочевме како гледачи, ја доживуваме како своја, но хуморот во најтензичните моменти, и прошката која ја понуди Ру - главниот карактер -на ликовите со кои ги играше овие моменти - дозволи и ние да здивнеме и да се осетиме поштедено, и да го завршиме патувањето на добра нота. Но како сите добри кинематографски искуства, во приказната има многу елементи кои се вплетени и ја придвижуваат, но и кои можат да стојат и да зборуваат сами за себе како независни целини. Па без ниту трошка истражување, ниту еден таб отворен за консултација, чисто од љубовта и сеќавањето на задоволен гледач, ги издвојуваме следните неколку (!) дефинирачки моменти за нас и за Еуфорија кои ја раскажуваат приказната на оваа генерација сега и овде, со убавината и вниманието која ја заслужува а многу од нив никогаш не сме ги виделе третирани на екранот. Скроз свесна дека целината не е збир на деловите отворам јутјуб таб и барам:
 

ЗАВИСНОСТА Е КОМПЛЕКСНА БОЛЕСТ: Ру овердозира на забава за нова година: „Срце, мислев дека те изгубив„
 


 
МУЗИКАТА: ДАЛИ Е АВТОРСКА НА ЗЕНДАЈА И ЛАБИРИНТ(НО И ДОМНИК ФАЈК) ИЛИ ПОШИРОКИОТ САУНДТРАК - ИНТЕГРАЛЕН ДЕЛ НА ПРИКАЗНАТА, ПА МУ ДАВА ТРЕЈНСПОТИНГ- ВАЈБ.


 


 
ФОТОГРАФИЈАТА

Директорот на фотографија Унгарецот Марсел Рев вели"Фотографијата, по својата природа, не вклучува џиновска фабрика. Мислам дека е поажурен, поприменет во тековното време. Секогаш е малку естетски понапред од снимањето филмови. Тоа е моето чувство, но можеби сум само љубоморен. [Се смее]

Фотографијата има повеќе влијание врз визуелноста на филмовите отколку обратно. Кога зборуваме за изведена фотографија, можете да имате напред и назад. Но, само на многу естетско ниво, фотографиите - фотографиите - секогаш се малку понапред од снимањето филмови. Тоа е пофлексибилен медиум... Голем дел од визуелноста на претставата е напишана во сценариото. Значи, не можам да земам заслуга за тоа бидејќи веќе е на хартија. Очигледно додаваме многу во лет и додека го подготвуваме и снимаме, но сето тоа е вкоренето во пишувањето."