fullDatetime-to-read.short-label

Каролин Брајант жената која со своето обвинување го уби младиот Емет Тил, почина на 88 години

post.update-date

Каролин Брајант која го обвинила 14 годишното момче Емет Тил (Emmett Till) за вознемирување - и со тоа го ,,осуди” на смрт” почина вчера на 88 годишна возраст.

Момчето кое било убиено во 1955 година во Мисисипи, САД, додека бил таму на распуст,, бил киднапиран и мачен после нејзините наводи. 

На 24-ти август 1955 година, Тил отпатувал од Чикаго до Мисисипи за да ги посети своите роднини. Во текот на својот престој, тој ја сретнал 21-годишната Каролин Брајант која работела во гранапчето на нивната семејна фарма. 

На 28-ми август, Брајант и нејзиниот сопруг Рој влетале  во куќата каде што престојувало детето. Тие го киднапирале, измачувале удирајќи го со цевка од  пушка и конечно  го застрелале. Телото на Тил било фрлено во реката Талахатчи а неговото убиство предизвикало шок и гнев низ целата земја и со тоа го започна движењето за цивилни права во САД.

Промисленоста на неговата мајка - да дозволи медиумите да го видат мртвото тело на Тил било пресудно за постигнување на тој ефект. 

Каролин и нејзиниот сопруг Рој биле обвинети за убиството на Тил, но биле ослободени од поротата составена само од локалните белци. 

Во 2017 година, Каролин  признала дека лажела кога сведочела против Тил и дека неговите наводни вознемирувања не се случиле.

Смртта на Емет Тил има големо значење во историјата на граѓанските права во САД, бидејќи предизвикала големи протести и придонела за подигнувањето на свеста за расната нееднаквост.