6/8/24, 6:00 PM
оффест, оффест 2024, Винсенте Амиго
Национална опера и балет (НОБ), Бул. Гоце Делчев, Skopje, North Macedonia

Вечерва на Оффест следи - фламенко, каде што гитарските акорди преплетени со традицијата на Андалузија нудат посебна музичка реалност. Во рамките на третата вечер од 23-тото издание на OFFest, сцената на Националната опера и балет ќе биде осветлена од еден од најголемите фламенко гитаристи на денешницата – Висенте Амиго.
Ова е вечер посетителите ќе ја имаат ретката можност да го проследат концертот на човекот кој се смета за наследник на легендарниот Пако де Лусија, добитник на две Греми награди и бездруго богата музичка кариера.
Амиго е уметник кој од своето родно место Гвадалканал (Севиља) и од детството во Кордоба ја носи традицијата на фламенкото до нови височини. Познат по својата фасцинантна чувствителност и длабочина, тој е комплетен гитарист кој направи мостови меѓу различни музички жанрови.
Во своето творештво, Амиго успеа да внесе елементи од џез, рок, и разни светски музички традиции, притоа задржувајќи го јадрото на фламенко. Соработките со музички гиганти како Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Диего Ел Сигала, Дејвид Боуви, Кит Ричардс и многу други, само дополнително ја зацврстуваат неговата позиција како еден од најзначајните музичари на нашето време. Навистина, легендарниот џез-гитарист Пет Метини го има наречено „најдобриот светски гитарист денес“.

