Светски ден на џезот во ФДУ бифето со музика и поезија | https://www.diva.mk/en/news/светски-ден-на-џезот-во-фду-бифето-со-музика-и-поезија
top of page

концерт, поезија

3.5.24, во 19:00

Студентска уметничка пролет на Денот на џезот

По повод Денот на Џезот, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности, во соработка со Europe House Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, организираа настан во кој музиката и пишаниот збор ќе бидат споени во единствена уметничка фузија.

Настапот, ќе се одржи во просториите на Факултетот за драмски уметности (Бифе на ФДУ), и ќе посведочи што се случува кога стиховите на младите поети од Филолошки факултет „Блаже Конески“ соработуваат со мелодиите на џезот изведени од исклучително талентирани студенти на Факултетот за музичка уметност.

Преку оваа соработка, организаторите целат да поттикнат пошироко разбирање за уметноста и да покажат дека музиката и пишаниот збор, иако различни по форма, совршено може да се испреплетуваат.


„Целта на нашиот настан е да покажеме дека уметноста во сите нејзини форми може да биде моќен медиум за изразување на емоциите и пренесување на пораки. Денес, публиката беше сведок на нешто вистински специјално, каде музиката и зборовите создадоа еден поинаков, потемелен начин на комуникација“, изјави Др. Александар Петровски, професор на Факултетот за музичка уметност.



bottom of page