Спремни за Funk Shui во Лабораториум? | https://www.diva.mk/en/news/спремни-за-funk-shui-во-лабораториум%3F
top of page

Лабораториум, концерт, Funk Shui

3.5.24, во 19:00

Време е да го чуете албумот „Никогаш пак“ во живо!

Познатиот но и популарен македонски бенд Funk Shui го најавува својот настап во културно-едукативниот Центар Лабораториум на 26ти април, ветувајќи многу за една ноќ (ноќите ветуваат по правило, па влоговите се големи, но да не поетизираме...не сега, не овде).


Настапот е дел од промоцијата на нивниот најнов албум “Никогаш Пак”, издаден пред една година, а бендот веќе има зад себе низа распродадени концерти и успешна летна турнеја низ Македонија.



Концертот е закажан за 20:00 часот, а билетите веќе се на продажба. Првите 100 среќници можеа да купат билет по промотивна цена од 500 денари (оваа информација ставена онака, чисто да се знае), додека редовната цена ќе биде 600 денари. Љубителите на музиката кои ќе посакаат да го купат својот билет на денот на концертот ќе треба да издвојат 800 денари. Билетите се достапни онлајн преку веб-сајтот www.ticketx.mk, како и во ЛАБ Кафе.


Бендот, познат по својата заразна енергија и уникатен звук, најавува и продажба на ограничен број на мерчандајзинг продукти, кои ќе бидат достапни само на самото место на настапот. Ова е одлична прилика за сите обожаватели да се здобијат со уникатен сувенир и да го поддржат својот омилен бенд.



Концертот на Funk Shui во Лабораториум претставува не само музички настан, туку и културен собир што го збогатува социјалниот и уметничкиот живот во Скопје. Организаторите, поддржани од Комерцијална Банка и Божиновски, ветуваат впечатливо и динамично музичко искуство .

Обезбедете си билет на време и бидете сведоци на вистински музички спектакл во срцето на Скопје.

За повеќе информации и ажурирања, следете го настапот и бендот на нивните официјални социјални мрежи.



---

Контакт за повеќе информации:

[www.ticketx.mk/events/funk-shui](https://ticketx.mk/events/funk-shui)



bottom of page