11/14/24, 6:00 PM
„...моќ за народот: употребајте го вашето тело ... употребувајте го вашиот глас ... направете избор...“

Љубителите на изведувачките уметности ќе имаат можност да присуствуваат на иновативната и провокативна претстава „Радикално навивање“, која ќе се одржи на 21 мај во 20:00 часот во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Во режија на реномираната кореографка Зуфит Сајмон, оваа претстава ветува преиспитување границите на танцот како форма на протест, искажување на парола.
„Радикално Навивање“ е концепт кој потекнува од квир феминистичките движења во 1990-тите и претставува мешавина на театар, танц и протест. Во оваа изведба, телесниот израз и кореографијата стануваат моќни алатки за мирна борба против структурите на моќта во капиталистичките демократии. Преку гламур, сјај и слогани, ансамблот воден од Сајмон која исто така настапува на сцената, овозможува еден нов вид на активизам кој е толку радосен колку што е и сериозен и предизвикувачки.
Зуфит Сајмон, позната по својата способност да интегрира силни визуелни концепти со длабока емоционална поента, ја користи својата уметничка визија за да ги поттикне гледачите да размислуваат за важноста и силата на јавниот протест. Соработката со музичарот и видео уметник Фредрик Олофсон обезбедува аудитивна и визуелна димензија која дополнително ги збогатува перформансите.
"Таа имплементира јасен концепт и ефективни слики со одлично вештина и интензитет. Заедно со својот ансамбл, Зуфит Симон успеа да создаде извонреден танцуваачки перформанс со хумор и длабочина од мирната протестна форма „Радикално Навивање“. “Од номинациската изјава за „DER FAUST“, Германска театарска награда 2023 - Танцова продукција
Која е Зуфит Сајмон?

Зуфит Сајмон е иноваторка, израелска кореографка, која со текот на времето стана една од најсјајните ѕвезди на германската танцова сцена, неодамна беше номинирана за престижната германска театарска награда „DER FAUST“ за 2023 година, во категоријата за најдобра танцова продукција.
Зуфит е родена во Израел, но голем дел од нејзината кариера се развива во Германија, каде што нејзините иновативни идеи и креативноста нашле плодна почва. Со образование стекнато од некои од најпрестижните уметнички академии во Израел и Европа, таа има основи кои ја поддржуваат нејзината страст кон танцот и изведувачките уметности.
Нејзините дела често се карактеризираат со длабока социо-политичка свест. Преку оригиналниот движечки јазик и користењето на елементи од различни форми на изразување, Зуфит го прашува гледачот да излезе од комфортната зона и да размисли здлабочено за окружувањето и општествените динамики.
Еден од нејзините најнови и најпопуларни проекти е „Радикално Навивање“, што е интердисциплинарен танцов перформанс кој користи елементи од спортот и публичните протести како основа за изразување. Ова дело беше првенствено поздравено за неговата оригиналност и смелост, нудејќи нов пристап кон танцот и кореографијата кој интегрира директно активизам и уметност.
Зуфит Сајмон, со својата силна визија и неуморната креативност, продолжува да биде водечка сила на уметничката сцена. Со номинацијата за „DER FAUST“, нејзиното признание како врвен уметник е уште понагласено, и без сомнение, ние ќе продолжиме да ја следиме нејзината уметност.
Поддршката на овој настан доаѓа од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Гете-Институтот од Скопје.
Влезот за настанот е бесплатен, но поради ограничениот број на седишта, се препорачува предходна резервација преку е-пошта на lokomotivaskopje2015@gmail.com.
Претставата е наменета за публика над 16 години.

