Балсамот за усни содржи пчелини продукти и ја користи лековитата моќ на медот и пчелиниот восок, познати по своите научно докажани здравствени придобивки. Тие се богати со антиоксиданси и имаат противвоспалителни и антибактериски својства.
Нашиот природен балсам за усни комбинира моќни состојки како мед, пчелин восок и масло од розмарин, создавајќи хидратантна и заштитна формула за вашите усни. Тие ги омекнуваат и негуваат усните и помагаат во обновата на оштетената кожа и обезбедуваат природна антиоксидативна заштита. Овој балсам ќе ги задржи вашите усни меки, здрави и заштитени во текот на целата година.
Балсамот за усни со мед, пчелин восок и масло од розмарин е изработен од природни состојки, без вештачки бои и конзерванси кои имаат благотворно дејство за кожата, но секогаш се препорачува да се направи тест за алергија пред употреба, особено ако сте склони кон алергии на пчелни производи или на некоја од наведените билки.
Употреба и безбедност:
- Само за надворешна употреба.
- Не го користете балсамот ако сте алергични на било која од неговите компоненти.
- Во случај на иритација, прекинете ја употребата и консултирајте се со здравствен професионалец.
- Чувајте го на суво и ладно место.
Пчeлните продукти потекнуваат од регистриран пчеларник во срцето на Македонија, од чиста еколошка средина Азот во општина Чашка.
top of page
bottom of page