Добредојдовте, ова е Дива...Дива Мисла

Етна

1 ноем. 2021 г.

после 15на години откако се откажав од тастатурата како да е лоша навика - ете ме пак!

Рилке во „Совети за младиот поет„ му одговара на младиот војник кој сака да биде поет на прашањето: како да знам дека таа вокација е за мене? - со следното: доколку пишувањето е нешто без кое апсолутно не можеш, тогаш пишувањето е за тебе. Секогаш ме интересираше: Како да знам дека не можам да живеам без пишување? Како се проверува тоа? Ми се чинеше дека е само софизам, поетска пируета која не дава конкретна инструкција која ми требаше очајно: дали можеби ќе се засрамам, ќе се избламирам, дали си го трошам времето залудно а достоинството го ставам на коцка?! Ми требаше математички прецизна формула. Но несакајќи го најдов најнесреќниот начин да го опробам прашањето па и одговорот: да не пишувам. Кога во овие 15 години не можев да најдам занимање кое ни приближно не доаѓаше до пишувањето и се́ што подразбира тоа - го имав својот одговор.