top of page

Авторските права и вештачката интелигенција: Спорот околу базата на податоци на Midjourney се продлабочува




Базата на податоци на уметнички стилови која се користи за обука на програмата за генеративна вештачка интелигенција (AI) на Midjourney добива критики на социјалните медиуми откако почна да циркулира онлајн крајот на минатата година. „Списокот на стилови на Midjourney“ содржи повеќе од 16.000 имиња на уметници, вклучувајќи ги и оние на проминентни живи фигури како Banksy, David Hockney, Yayoi Kusama, KAWS, и дури и шестгодишно дете кое во 2021 година создаде цртеж за хуманитарна акција на болница.


Иако изгледа дека базата на податоци е направена недостапна, таа сè уште е видлива преку Internet Archive и судски документ поднесен во крајот на ноември 2023 година. Документот е дел од тековната колективна тужба против DeviantArt, Midjourney, Stability AI и Runway AI. Иницијално поднесена минатата година од страна на 10 визуелни уметници, тужбата ги обвинува компаниите за кршење на авторските права, бидејќи наводно ги користеле нивните дела без нивна дозвола за обука на AI.

Midjourney сè уште не одговора на барањето за коментар на медиумите.Судските документи детално го опишуваат списокот кој првпат беше објавен на Discord сервер во февруари 2022 година од страна на извршниот директор на Midjourney, David Holz. Тој во пораките објаснува како имињата може да се користат како текстуални насоки за генерирање на слики.


„Мислам дека сите има да збрлавите кога ќе ја видите оваа стилска карактеристика“, се вели во пораките на Discord кои му се припишуваат на Холц. „Треба да бидам јасен дека не се само жанрови. Тоа се и имиња на уметници. Тоа се претежно имиња на уметници. 4000 имиња на уметници, 1000 стилови“.

На 31 декември, уметникот на Riot Games, Џон Лам, објави скриншотови од овој разговор на X, покажувајќи дека Холц и другите програмери на Midjourney разговараат за тоа како базата на податоци ја содржи работата на најмалку 4.700 индивидуални уметници. Според овие пораки, имињата на уметниците се собрани од Википедија и Magic the Gathering, игра со карти за онлајн тргување. Дополнителните скриншотови објавени од Лам понатаму покажуваат пораки што му се припишуваат на Бред Темплтон, предупредувајќи го Холц дека потенцијално ќе наиде на „проблем со авторски права“ со системите за обука за работа на вистински уметници.


Други уметници со висок профил и нашироко познати, наведени во списокот вклучуваат Dan Flavin, Salvador Dalí, David Lynch, Anish Kapoor, Andy Warhol, Claude Monet, Cy Twombly, Damien Hirst, Frida Kahlo, the Guerrilla Girls, Joan Mitchell, Joan Miró, Marcel Duchamp, Richard Serra, Jean-Michel Basquiat и Shepard Fairey.


Во прилог улиците на Скопје доколку би било видено од Климт, Хопер, Рембрант, Дали, Ван Гог...




Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page