top of page

Америка има проблем и тоа не е Бијонсе



Дива белешка: Кога го гледавме Црн Пантер сите беа збунети - од каде дојде целава галама? Мораше многу објаснувања, нешто контекст, прилично историја да се долови зошто „легендарен“ не е претерување за стандарден лимунада холивуд, скоро инфантилен филм... Па за да го елиминираме ризикот да го направиме истото со „Renaissance“ на Бијонсе - го отстапуваме во овој момент, подиумот на Весли Морис од Њу Јорк Тајмс, добитник на два Пулицера, и како црн маж во Америка кој е посветен на расни теми, мислиме дека е прилично добро квалификуван да ја коментира Бијонсе...


„Премногу е, оваа живеачка. Премногу тешко, премногу несигурно, премногу хронично катаклизмично, премногу воинствено, премногу мачно, премногу оптоварено со можноста за перцепција на грешка. Муабетот последниве неколку години - во американските активистички и академски кругови, како и да е - беше „несигурност“. Што добива на идеи за загрозеност, занемарување, непредвидливост, ризик. Во суштина: Ние сме загрижени. И: ние сме загрижени, бидејќи вие не сте доволно загрижени. Како што реков: премногу е.



Да бев глобално познат музичар чиешто секое трепкање се проверува за Значење, сега можеби е време да откријам какво е чувството да значи нешто друго, да се чини полесно, да лебди, да кима со главата, плиска, се извива и трие, да sashay-shanté( одлепршај - остани) . Да најде “new salvation” во градењето на својот “own foundation.”(*во референца на текстот на најновиот сингл Break My Soul)



Да бев тој музичар, сега можеби ќе беше време да го наречам мојот фристајл џем „Америка има проблем“ и да не кажам што е проблемот затоа што А) Те зезнав! Б) Што можам да кажам дека веќе не го знаете? И В) Личноста што всушност ја изведува оваа песна знае „газето ќе прави што сака“. Сега е време да работите со вашето тело наместо да изгубите повеќе од вашиот ум. „Америка“ е една од завршните нумери на „Renaissance“, седмиот соло студиски албум на Бијонсе, онаа каде што таа ги истражува влоговите и заклучува дека се премногу високи. Сега е време да се потсетите - да им „кажете на сите“, додека таа пее на првиот сингл „Break My Soul“ - дека нема дискурс без диско.


„Renaissance“ на Бијонсе отелотворува децении на денс музика. Еве водич.

Колку е забавно ова нешто. Сите 16 песни доаѓаат од некаде каде има подиум - ноќни клубови, стриптиз клубови, болрум , подруми, Татуин. Повеќето од нив се натопени или целосно спроведени со Црно квир бравадо. И на речиси сите, Бијонсе звучи како да доживува нешто лично ново и приватно славно: неразблажена екстаза. Зазема различни форми: блаженство, очигледно; но и секси строгост. Остварувањето на контролата е исто толку забавно на овој албум како и егзорцизмот на стресот.


Колку и да звучи скапо, во продукциска смисла, „Ренесанса“ (една песна е потпишана од дваесетина писатели, вклучувајќи семплови и интерполации), пеењето на Бијонсе овде ја надминува секоја цена на етикетата. Опсегот на нејзиниот глас се приближува до галактички; имагинацијата што го напојува се квалификува како кино. Таа гуга, ржи, рчи, се удвојува и тројно се зголемува. Путер, сенф, foie gras, совршен сооднос на шлаг на колачето.




Приближно на половината, пристигнува нешто наречено “Plastic Off the Sofa.” (Најлонот од софата). Сега, дел од мене липа затоа што тоа се зборови што таа не се ни потруди да ги испее. Најлон од софата? Повторно те зезнав! Остатокот од мене липаше затоа што пеењето што таа сепак го носи - во бранови на рапсодично долги емисии на олимписко ниво -