top of page

Афробитс џинот Burna Boy со стадиумски концерт во живо донесено од Apple Music

Пред пандемијата во игра на случајот - станаа доста популарни шоуа во живо во камерна атмосфера... Нешто налик на МТВ анплагд од 90-те, но сепак уште поинтимни: Tiny Desk концертите на NPR кои на Јутјуб ги носеа најсвежите имиња на музиката на денешницата без разлика дали се тоа млади луѓе на прагот на светски познат успех, или суперѕвезди кои имаше посебен вид на интрига да се видат како настапуваат во њујоршка канцеларија, во светлото на денот...


Ковид- пандемијата ги изгони музичарите во своите домашни студија за да можат да спасат што е возможно за спасување додека се снајдат во ненадејната ситуација, па затоа откако сме назад надвор "we back ousside" - со гласот на Бијонсе, се чини сите отидоа во другата крајност, во обид на пркосна (или можеби преплашена) компензација. Сите се на стадионите, на фестивалите, на шоута за доделување награди како БЕТ и Греми со продукции на кои очигледно не се штеди, ниту пак нема подвиг кој е премногу амбициозен или невозможен. Како поинаку бремената Ријана ќе пееше на футбалски стадион на симулација на светлата на појачалото?


Затоа првите 20на секунди на астапот Нигериецот Бурна Бој во Лондон, спонзорирано и пренесено во живо од Apple Music не беше изненадување - но сепак беше. Иако има настапувано на сите возможни светски бини, на кои еден современ музичар може да се надева да настапува, сепак е нова глетка. Бурна Бој нема вокал со некоја посебна громкост - но го одликува кадифено- мека боја , ниту пак се потпирал некогаш на својата кореографија како еден од музичките јазици. Сето тоа го става во опасност тој стадион да го проголта наместо да го преувелича: погрешната позиционираност многу лесно може тоа да го направи - но ништо од тоа не се случува. Камерата чита само еуфорија.


Афро небо над Лондон. Афричкиот џин е дома на огромната светска сцена.




Студиски Бурна...



bottom of page