top of page

„Без пауза“ зимско издание: japan.net.mk ги враќаат гејминг натпреварите!



По летната адреналинска сезона, „Без пауза“ се враќа со нова енергија во зимско издание! На 22 декември, љубителите на видео игрите, друштвените игри и квизовите ќе можат да уживаат во целодневна гејминг авантура во Base42 во Скопје.

Со уште поинтересна содржина и ексклузивни предизвици, настанот е наменет за гејмери од сите генерации. Публиката ќе има можност да ги предизвика најдобрите играчи во Македонија во четири игри и два интерактивни квиза, додека чил зоната ќе нуди простор за опуштање со друштвени игри и документарен филм за јапонските видеоигри.

Главни предизвици на програмата

💥 Теккен 8 предизвикПочувствувајте се како професионалец во рингот со шампионот на овогодинешниот Сакура Фестивал, Јамато (Симон Мирчевски). Единствена шанса да ги одмерите силите против македонскиот Теккен мајстор!

🏎️ Марио Карт 8 предизвикТркачкиот фанатик Максим Бечковиќ ве очекува на виртуелната патека!

🕹️ Тетрис предизвикДокажете колку сте добри во оваа безвремена игра против нашиот шампион Огнен Киров Тодоровски.

🃏 Уно со твистПознатата карта игра добива ново, возбудливо руво под водство на Ана Марија Гиевска.

Гејминг квизВоден од Лин и Леа, квизот е совршен за оние кои се гордеат со своето знаење за гејминг културата и ликовите.

🤔 Погоди ја игратаНиколај Јанушев ќе ги испитува вашите гејминг навики со интригантни прашања и обиди да погоди која игра ја играте.

Програма

🕛 Главна сцена:

  • 12:00 – 13:30 Марио Карт предизвик со Максим

  • 13:30 – 14:30 Гејминг квиз со Лин и Леа

  • 14:30 – 16:00 Тетрис предизвик со Огнен

  • 16:00 – 17:00 Николај го погодува вашето гејминг искуство

  • 17:00 – 18:30 Теккен 8 предизвик со Јамато

🎮 Чил зона:

  • 12:00 Друштвени игри

  • 13:00 Документарен филм за јапонски игри

  • 14:30 Уно со Ана Марија

Освежување и пријавување

Нашите пријатели од Snooze caffe ќе бидат тука да ве освежат во текот на целиот ден.

👉 Пријавете се веднаш за предизвиците преку следниве линкови:


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page