top of page

„Без фусноти“ - еднодневна работилница водена од српскиот лингвист Ѓорѓе Божовиќ

Не знаете со сигурност како да ги преведете или напросто искажете во говорниот јазик термините како „power bottom“, „bussy“, „batty boy“? А баш би било супер да бидеме во чекор со современата култура - но на мајчиниот јазик... Затоа се овде лингвистите, филолозите, антрополозите, или уште поконкретно - затоа во Скопје на 8-ми јуни, во 16 часот во Комитет, доаѓа Ѓорѓе Божовиќ на еднодневна работилница, за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување книжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација.



„На учесниците ќе им биде даден краток фрагмент од прозен книжевен текст, кој ќе го преведат на јазикот по сопствен избор, а потоа ќе разговараат за нивните преводи во текот на работилницата.

Особено ќе стане збор за преводот на квир книжевноста и за предизвиците што квир поетиката ги поставува за книжевниот превод.


Бројот на учесници на работилницата е ограничен на петнаесет.

Заинтересираните учесници треба да се пријават преку гугл-формуларот, или на мејлот izborsteficacvek@gmail.com, најдоцна до 05 јуни 2023.

Работилницата се одржува во рамки на активностите поврзани со регионалната книжевна награда за феминистичка и квир книжевност „Штефица Цвек“.

Ѓорѓе Божовиќ е доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде што предава предмети по општа и балканска лингвистика. Од албански јазик превел повеќе дела од современа поезија, проза, публицистика и драма од автори како Љуљета Лешанаку, Аријан Лека, Ветон Сурои, Еди Рама, Јетон Незирај и други. Неговите два најнови преводи се автофикциите „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ од македонски на српски јазик (Нови Сад: Kulturanova, 2023) и „1997“ од Кристи Пиндери од албански на српски јазик (Белград: Pobunjene čitateljke, 2023).„ - велат организаторите.






Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page