Берни Сандерс се појави на Коачела 2025
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 7 days ago
- 1 min read

Кога сенаторот Берни Сандерс се појави на сцената на Коачела 2025 за да ја најави Клајро, тоа не беше само уште еден момент на изненадување на фестивалот. Тоа беше симболичен чин што ја отсликуваше сè поголемата поврзаност меѓу музиката, политиката и младинскиот активизам но и љубовта кои најмладите генерации на гласачи сѐ уште ја имаат кон Сандерс.
Сандерс се појави на сцената на Коачела, придружен од конгресменот Максвел Фрост, за да ја најави Клајро. Во својот говор, тој ја пофали нејзината посветеност на борбата за правата на жените и нејзиниот активизам против војната во Газа, каде што, според него, “илјадници жени и деца се убиени” . Имајте на ум- Берни Сандерс Сандерс е Евреин…
Тој ја искористи оваа прилика за да ги повика младите да се вклучат во борбата за климатска правда, економска еднаквост и заштита на човековите права.

Настапот на Сандерс беше дел од поширока тенденција на Коачела 2025, каде што уметниците ја користеа својата платформа за да изразат ставови по важни општествени прашања. Групата Green Day, на пример, ги прилагоди текстовите на своите песни за да изрази солидарност со Палестина.
Commentaires