top of page

Били Корган од Smashing Pumpkins со нов поткаст – The Magnificent Others

Доколку сте љубители на рок легенди, неочекувани приказни и длабоки разговори, тогаш новиот поткаст на Billy Corgan – The Magnificent Others – е нешто што веројатно ќе ви биде интересно да го слушнете.


Легендарниот фронтмен на The Smashing Pumpkins, Billy Corgan, неодамна го лансираше својот нов поткаст The Magnificent Others, каде што води искрени и длабоки разговори со музички и културни икони. Поткастот, продуциран од Club Random Studios на Bill Maher, се емитува секоја среда и веќе привлекува големо внимание.



Интервјуа со внимателно избрани гости


Во The Magnificent Others, Корган зборува со личности кои биле погрешно сфатени, потценети или кои не добиле доволно признание. За разлика од традиционалните интервјуа каде гостите често зборуваат за свои нови проекти, тој инсистира на автентични разговори.

„Сакам да ги славам луѓето што културата ги игнорира или погрешно ги интерпретира. Не сакам да правам интервјуа каде што ПР агенти ќе ни испраќаат гости за промоција на нешто. Секој гостин го бирам внимателно“, вели Корган во интервју за NME.

Досегашни гости во подкастот беа Gene Simmons (KISS), Tom Morello (Rage Against The Machine) и Adam Jones (Tool), Шерон Озборн, а во една од епизодите Dale Bozzio (Missing Persons) открива детали кои никогаш досега не ги споделила во јавноста.


Нова перспектива од рок-легендата



Корган, кој со децении бил на другата страна на новинарските интервјуа, вели дека сака да разговара како музичар со музичари.

„Не сум фанбој, не сум ни класичен новинар. Но, сакам да разберам зошто некој донел одредена музичка одлука. Сакам разговорите да бидат автентични, не само за публиката, туку и за мене“, истакнува тој.

Во една од првите епизоди, разговорот со Gene Simmons открива нова перспектива за неговото имигрантско потекло и како тоа влијаело на неговата кариера.

Каде да го слушате?

Поткастот The Magnificent Others излегува секоја среда и е достапен на Spotify, Apple Podcasts и YouTube. Со гостувања на икони кои ја обликувале музичката индустрија, овој поткаст брзо станува еден од најинтересните во својата категорија.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page