top of page

Бункер за нуклеарен напад - за мали станови

Украинско - рускиот конфликт и ескалацијата до ставање на нуклеарните оружја во готовност, ги донесоа думсдеј преперите(подготвени за судниот ден) од чудна оставштина од студената војна, преку “безбедни соби” во дворците на милионерите, повторно во радиусот на општото внимание. Јапонската WNIShelter на нивниот вебсајт пишуваат “Сите што се загрижени за инвазијата на Украина! Што можете да направите за да се заштитите?! Или од најновата суперсонична ракета од Северна Кореја! Лет во цик-цак, која е невозможно да се пресретне! Подгответе се за вонредна состојба со нуклеарно засолниште!“



Металните засолништа WNIshelter се очигледно отпорни на експлозии, отпорни на удари и можат да обезбедат совршена изолација од радијација, како и од биолошко и хемиско оружје. Јапонската компанија тврди дека нејзините засолништа можат да постигнат позитивен воздушен притисок до 1,07 атм. за 6,5 до 17 секунди, со што се спречува навлегувањето на радиоактивни соединенија и други загадувачи. Системот за филтрирање Rainbow 72R наводно задржува 99,995% од различните штетни материи содржани во надворешниот воздух.



Па откако ќе завршите со снабдување со брашно и бензин, можете да ги разгледате опциите на нивниот сајт!


Comments


bottom of page