top of page

Визуелната страна на најновиот албум на Бијонсе овој пат е преку фотографија-во висока дефиниција






Проектот во три чина беше снимен во период од три години за време на пандемијата. Време да бидеш мирен, но исто така време кое сфатив дека е најкреативно.


Креирајќи го овој албум ми овозможи место да сонувам и да најдам бегство додека беше застрашувачко време за светот. Ми овозможи да се чувствувам слободна и авантуристична , во време кога малку од нештата се движеа. Мојата намера беше да направам безбедно место, место без осуда. Место да се биде слободен од перфекционизам и прекумерно размислување. Место да врескам, да пуштам, да чувствувам слобода. Беше прекрасно патешествие на истражување.

Сакам да дадам посебна благодарност на вас, Руми, Сир, и Блу, што ми го овозоможивте просторот, креативноста, и инспирацијата. И специјална благодарност до мојот прекрасен сопруг и муза, кој ме одмени за време на долгите ноќи во студиото. Големо благодарам до мојот вујко Џони. Тој беше мојот кум и првата личност која ме изложи на многу музика и култура која служи како инспирација на овој албум. Благодарам на сите пионери кои создаваат култура, до сите паднати ангели чии придонеси пројдоа непризнаени премногу долго. Ова е славење за вас... Мама, те обожаам ма. До мојот татко, мојот ОГ(оригнален гангста) , мојот прв учител: ме инспирираш во секој потез кој го правам. Те сакам.

До сите мои фанови: се надевам дека ќе најдете радост во оваа музика. Се надевам дека ќе ве инспирира да „ release the wiggle“(*текст и слоган на Биг Фрида: ослободи го врцкањето). Ха! И да се чувствувате исто толку уникатно, силно, и секси како што и сте.

Ве сакам сите длабоко, Б.












Comments


bottom of page