top of page

Викендов низ град


ЧЕТВРТОК:


Концерт: Јапонски сон - музика од колективното несвесно ; Буква, 20часот.

Од Токио, Јапонија ни доаѓа вокалистката Ају, која во соработка со нашиот музичар, продуцент и композитор Јордан Костов ќе ни приредат неповторлив музички перформанс.

Со мешавина на јапонски, балкански, афро и латино фолклор ќе ја доживееме музиката на народите во една еклектична џез нео сол изведба.

Нејзиниот глас не преплавува со безвременски емоции на музика која функционира насекаде и секогаш. Додека пак џез аранжманите и импровизациите со хармоника на Костов со Петар Христов лира , Дамјан Гријо перкусии и Александар Бошков електрична гитара, ќе му додадат еден урбан модерен шмек, што уште повеќе ги поврзува континентите и времињата што оваа музика ги репрезентира.

На самиот настан ќе имаме и шанса да дегусираме јапонски пијалоци додека уживаме во музиката.


Журка: Македонски шлагери, Јавна соба; 21.30ч.



Ајде на македонски шлагери во петок! 💃🕺

📲 Резервирајте си навреме за вашето друштво на 078 250 554.

🎫 Билетите чинат 200 денари и се набавуваат на самиот влез, најдоцна до 22 часот.

🎙️За добрата атмосфера се задолжени дечките од The Ringtones!

🗓 Започнуваме од 21:30 часот.

Се гледаме на поткровјето на Public Room! 🍸



Хуманитарен фестивал: Сите за Грицко; МКЦ, 16.20-00:02ч.




СИТЕ ЗА ГРИЦКО е добротворна забава во организација на Фоундрејзер Брат за Брат, со