top of page

Воведот на e.е.камингс за издание на Крејзи Кет стрипот






ПРЕД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ се случи славје, прославата на Крejзи Кeт (Krazy Kat) од Гилберт Селдес (Gilbert Seldes) . Тоа се случи во книгата наречена „Седумте живи уметности“ и се случи толку мудро, со толку љубов, толку радосно што повторното славење на Крејзи би било како да ги учиш пингвините да летаат. Пингвините (како што многу луѓе не сфаќаат) летаат - не низ морето на небесата, туку низ морските небеси, и мојата сегашна амбиција е само, со помош на нашиот прославен пријател, да покажам како нивното летање влијае на секој не - пингвин.


Она што фундаментално ме загрижува е метеорската бурлескна мелодрама , родена од древна поговорка - љубовта ќе најде начин. Ова искрено лудило (охрабрено од строго ирационален пејзаж во вечна метаморфоза) генерира три протагонисти и заплет. Двајца од протагонистите лесно се препознаваат како циничен глушец што фрла цигли и сентиментален полицаец-куче. Третиот протагонист - чиј двосмислен пол не ја прикрива добрата вест дека доаѓа нашата хероина - може да се опише како понизно поетско, нежно како кловн, врвно невино и неограничено приврзано суштество (малку наликува на детски цртеж на мачка, но надарена со тајната грациозност и очигледната несмасност на пингвин на terra firma), која никогаш не е толку среќна како кога егоистичнотo-глувче, попречувачко алтруистичко куче, ја плеснува со цигла во главата. Кучето мрази глушец и обожава „мачка“, глувчето презира „мачка“ и мрази куче, мачката не мрази никого и сака глушец.



Игнац Маус и Офиса Пуп (Offissa Pupp) се спротивни страни на иста паричка. Дали Офиса Пап е мила? Само доколку Игнац Маус е суров. Ако сте без’рбетен агресивен прогресивец (масивен модерен став во денешно време), Офиса Пуп, кој насилно ја наметнува волјата на таканареченото општество, станува космички ангел; додека Игнац Маус, кој насилно ѝ пркоси на волјата на општеството со што ја наметнува својата автентична, станува демон на анархијата и ѓавол на хаосот. Но ако – шепни го ова - ти си 100% скриен реакционер, тогаш улогите се менуваат.


Игнац Маус во тој случај, се појавува како херој, мачно се бори да го задржи знамето на слободната волја, додека Офиса Пуп ја презема монструозната средина на Голијат, сатански малтретирајќи го малиот, но нескротив Дејвид. Па, ајде да го превртиме паричето: и ете! Се појавува Офиса Пуп. Тоа го прави глувчето Игнац „опачина“. Сега имаме херој чиешто срце му отиде во глава и негативец чија глава отиде во неговото срце.


Овој херој и овој негативец не го разбираат Крејзи Кет повеќе отколку што митските жители на дводимензионалното царство разбираат некој тродимензионален натрапник. Светот Игнац Маус и Офиса Пуп е свесен свет на моќ, во смисла на кој нашата несвесна хероина е персонифицирана немоќ. Сензитивниот закон на овој свет е моќта да се исправи, бесмислениот закон на нашата хероина е дека љубовта победува сè. Да го ставиме дабот во желадот: Игнац Маус и Офиса Пуп (секој целосно убеден дека неговата посебна моќ постапува правилно) се простодушни. Крејзи не е - затоа, за Офиса Пуп и Игнац Маус, Крејзи е. Но, ако и нашиот херој и нашиот негативец не ја разбираат и не можат да ја разберат нашата хероина, секој од нив може и секој од нив погрешно ја разбира поинаку. За нашиот мекоглав алтруист, таа е преслатко беспомошна инкарнација на светоста. За нашиот тврдоглав егоист, таа е збунувачки неуништливо олицетворение на идиотизмот. Биди неволно претераното куче ја гледа како инспирирана слаба личност. Злобниот глушец ја гледа како родена мета. Во меѓувреме, Крејзи Кет, преку ова двојно недоразбирање, ја исполнува својата радосна судбина.