top of page

Elton! Arctic Monkeys! Rick Astley! Најмагичните моменти на Гластонбери 2023

Минатиот викенд беше Гластонбери 2023 и беше преполн со масивни моменти до точка до пукање на шавовите: Елтон ни́ даде збогување што ќе се памети, Манкис беа шоуто на нивната вечер… но по ред…


Фу Фајтерс и Дејв Грол едноставно не можат да се воздржат а да не свират




Ебено знаевте дека бевме ние, цело ова време“ - се зезаше Дејв Грол (Dave Grohl) пред преполната публика на Пирамид сцената. Можеби, но тоа не беше причина да не експлодираа во славење кога иденитетот на мистериозниот бенд The Churnups конечно беше откриен.


Иако имаа само едночасовен сет, некако успеаа да го направат шоуто еден од нивните највпечатливи изведби во скоро сеќавање. Не само што испорачаа жестоки изведби на милениците на фановите ‘All My Life’ и ‘The Pretender’, но исто така совршено го избаласираа со сентиментални моменти бидејќи ова беше првиот целосен настап во Велика Британија откако почина нивниот тапанар Тејлор Хокингс (Taylor Hawkins). Грол настапуваше и со Pretenders и Guns N’Roses на нивните сетови.





Arctic Monkeys ја направија журката




Манкис се назад на фармата. Уау!“ Навистина беше чудо. Само неколку денови пред нивниот настап - во петок вечерта, нивниот фронтмен Алекс Тарнер (Alex Turner) се бореше со акутен ларингитис и имаше откажано концерт во Даблин. Најдобрите настапи на хедлајнерите обично се оптоварени со грижа, има доста непознаници за многу работи, и дури кога нивната сцена беше комплетно поставена во петокот сабајле уште имаше еден голем знак прашалник дали ќе се појават. Дејв Грол мирисаше крв…







Нивниот сет беше соодветно смел и без начин да се знае што следи; тие отворија со мрачната рок балада ‘Sculptures of Anything Goes’ на ‘The Car’, и харизмата на Тарнер ги збуни новајлиите, вклучувајќи го „рацете у вис“ моментот за време на ‘Pretty Visitors’. Социјалните медиуми беа поделени околу вокалното темпо на Тарнер (точно - беше бавно) и сличностите на шоуто со нивната скорешна британска стадиумска турнеја. Но кога удрија класиците ‘R U Mine?’и ‘Do I Wanna Know?’ тоа стави капак- ние не посведочивме многу цмиздрење од екипата во публика на Пирамид сцената.





The Chemical Brothers и понатаму се Гласто кралеви.


Кемс на Гласто функционира. Тие се толку вкоренети во историјата на фестивалот и во неговата еволуција на денс музиката, што да се видат во било кој облик таму е посебно. Веќе Other Stage heroes, Ed Simons и Tom Rowlands требаа да настапуваат во Аркадија во 2022 пред Ед да фати Ковид и се повлекоа. Премотај до 2023 и браќата дојдоа со жесток диџеј сет на врв на уште пожесток пајак.




Нивното диџејство делуваше бепсрекорно како настапите во живо, обоени со асид, Ед танцуваше додека Том миксаше и вклучуваше семплови и писоци од старт до крај. Новите траки од албумот ‘No Reason’ и ‘All Of A Sudden’ добија шанса да се загреат на големата платформа додека ремиксите на нивните класици ‘Hey Boy, Hey Girl’ и надразнувањето со ‘Star Guitar’ направи екипата што ги прескокна Манкис скроз да се напали. Долго да живеат Кемс; назад на Пирамидата? Не се кладете против тоа…




Manic Street Preachers изградија бајпас право во нашите срца



Со оглед на тоа дека басистот Ники Вајр еднаш не многу вкусно се зезаше дека некој треба да „изгради бајпас до неговиот шупак“ кога настапуваа по прв пат во 1994, тие сигурно сакаат да се враќаат назад. Седмиот настап на поранешните Пирамид хедлајнери, го одбележа нивното шармирање до недоглед на публиката во рано навечер во сабота на Другата Сцена со класици и чудно - од таман за лето фестивалската химна ‘A Design For Life’ до лигавата панк изведба на You Love Us, европскиот арт рок на ‘Walk Me To The Bridge’, три ретко изведувани извадоци од пост панк ремек-делото на ‘The Holy Bible’ и изненадувачка изведба на раскошно озбилната 1985 од ‘Lifeblood’ - се́ што требаше да направат е да уфрлат неколку импресивни дуети од The Anchoress - и го победија денот.




Lana доцнеше но беше и брилијантна




Деновите кои следеа после саботниот хедлајн термин на Lana Del Rey на „Другата сцена“ нејзината возвишена изведба беше нарушена околу дискурсот околу фактот дека доцнеше пола час, и како резултат нејзиниот сет беше пократок. Но за фановите да се биде малку алјкав и недопирлива секогаш бил дел од привлечноста на Дел Реј; објаснувајќи го нејзиното доцнење, таа едноставно рече дека нејзината „коса бара многу време“. Збунувачки и фрустрирачки во еднаква мерка, делуваше како потег на моќ.


Но види, никогаш немаше да биде лесно! Ние зборуваме за артист кој, во нејзината децениска кариера никогаш немала турнеја во Велика Британија. Излегувајќи надвор од нејзината контролирана јавна персона, настапот на Дел Реј беше освежувачки хуман: таа пушеше на сцена, се смееше, го заборави текстот на ‘Blue Jeans’ и сподели неверојатна интимност со публиката. Откако нејзиниот микрофон беше исклучен после полноќ таа истрча до барикадите да ја испее ‘Video Games’ акапела разбирајќи дека тоа е она што треба да го направи за фановите за кои оваа песна е се́.




Фактот дека овогодинешните доминантно машки хедлајнери доживеа доста критика, но всушност женските имиња кои се во подем вистински оставија печат - со Lizzo, Nova Twins, The Last Dinner Party, Billy Nomates, CMAT, Maggie Rogers, Carly Rae Jepsen, Weyes Blood, и Becky Hill сите од нив помеѓу најзборуваните настапи од викендот. Веќе има два женски хедлајнери закажани за 2024 и фер е да се очекува дека женските имиња ќе растат во годините кои доаѓаат.


Како што Texas иконата Sharleen Spiteri и́ кажа на публиката на Pyramid Stage организаторот Emily Eavis е “масивен поддржувач” на женските таленти „не за да штиклира ебена ставка туку зошто верува дека сме ебено фантастични“

Yusuf/Cat Stevens беше извонредна легенда




The Legends терминот на Гластонбери често е исто толку извикан како и оној на хедлајнерот и понудата оваа година беше како навистина голема гушка, која беше пречекана со одобрување од целата Пирамид сцена. Сетот на Yusuf/Cat Stevens’ беше едноставно прекрасен, смирувачки, сензационален час со неговите најомилени песни. George Harrison мешавината во која беше и ‘Here Comes The Sun’ беше асален Гластонбери потег но најдобрите моменти дојдода кога и́ се обрати на публиката искажувајќи ја неговата искрена благодарност што може да настапи на една од најдобрите сцени на планетата. Трогателната изведба на ‘Father and Son’ сигнализираше крај на една прекрасна изведба и доколку не липаше до овој момент, во најмала рака се чувствуваше барем малку потопло во срцето отколку пред да го видиш Јусуф.



Спектакуларниот момент на Lil Nas X на Пирамид беше единствен




Под дречавите визуелни елементи кои можат да истераат очи и нијанси на хумор на меме културата на неговиот деби албум Монтеро од 2021 Lil Nas X беше длабоко поврзан со неговите чувства: емотивни откритија додадени на екстатичната физикалност на поп музиката. Богатството на самодоверба се роди во овие храбри и екстровертни песни преку 24 годишниот термин на зајдисонце на сцената Пирамид, со мешавина на високооктански танц-рутини и галактички клаберски вајбови но и длабок бунар на емоции.


Од ‘Panini’ со семпл на Нирвана до фалбаџиска, потпомогната со труби ‘Industry Baby’, сетот беше храбар, забавен и бескомпромисен. На моменти, изгледаше како поздрав со средниот прст до сите што се сомневаат во него што никако не можат да прифатат Црн, геј рапер кој станал успешен - момент кој беше запечатен со бакнеж на Лил Нас со еден од танчерите, и конспиративно намигнување кон камерата.




Elton John гледаше кон иднината со неговото испраќање од музиката




Сите нагаѓаа што Сер Елтон Џон има смислено за затворањето на Гласто хедлајнот за викендот, и финалната британска изведба на неговата кариера - имено гости од типот на Britney Spears, Paul McCartney and Harry Styles.


Но сите ние утнавме во прогнозите. Покрај другарот Brandon Flowers од The Killers, иконата ги сврти рефлекторите кон посвежи таленти како Steven Sanchez, Rina Sawayama, and Gabriels’ Jacob Lusk. Додека ние се журкавме во богатсвото на хитови и додека огнометот распали за време на последната песна ‘Rocketman’, изгледаше како легендата да ја предаде штафетата на ѕвездите на иднината но и му даде на своето минато беспрекорна журка за збогување.




Rina Sawayama и Elton John



Queens Of The Stone Age рокаа на нивното враќање на Worthy Farm


Додека масовната толпа на хедлајн сетот на Елтон Џон беше прашана дали е спремна за љубов на Пирамид сцената, не многу подалеку од таму, Queens Of The Stone Age имаа малку поинаков пристап - ја прашаа нивната публика дали се спремни да „разјебат срање“.


Нивниот прв настап на Гластонбери од 2011 — и еден од нивните први настапи откако го издадоа новото LP ‘In Times New Roman’ — Josh Homme и компанија се осигураа дека сетот беше вреден за чекањето, и ја имаа најжустрата публика во целиот фестивал. Не е лошо за последната ноќ од едицијата 2023…



извор: NME

Comments


bottom of page