Гледаме независни филмови: Мистер И (1959)
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 28, 2023
- 1 min read
Updated: Apr 29, 2023
Најекстремната независност е онаа аматерската. Маргарет Конили работеше фактички без буџет и без техника која може да се каже дека не припаѓа ниту близу на филмската индустрија.
Таа создаваше филмови со пријателите и семејството кои, во најдобар случај, ја отелотворуваат бурната и преполна кинематографска имагинација (иако во кратка и компресирана форма) .
Во оваа драмедија ги гледаме чудните напори на една жена која го провоцира нејзиниот сопруг да биде доволно љубоморен за да остане дома со неа.
Comments