Она што нашироко се преознава како „македонски нов бран“ каде што сцената неоптоварена од социјалните реалности на „бившата република“ каде музичарите и културњаците беа во постојан однос на помали братчиња и сестрички кои се угледуваат на зрелите и возрасни колеги таму горе, се чини завршија со здрвен врат од постојаниот поглед нагоре. Така барем се сеќаваме, како низ магла на тој период. Секако има исклучоци.
Оваа генерација може бранот да го извози пола век подоцна, неоптоварени од оваа конкретна поставеност и може да надополни - со кусур, она што прошишка тогаш. Доколку го знаат ова, можеби ќе ја разберат еуфоријата која ја гледаат на нивните настапи. Го живеат одново овој момент, овој пат со чувство (и со џигерици).
„Скопје. Челик и бетон можеби го дефинираат неговиот физички пејсаж, но нашата музика вдишува живот во неговата суштина.“ - го отвара своето обраќање Леон, каде ги вкрстува без непотребна задршка овие два контрасти. Малку ми е непријатно, што челик и бетон го оформуваат нивниот свет, е нивниот наследен свет. Или барем дом.
Но она што следи ги разгонува облаците на вина, на печење совест, на еуфорија која ја гледаат на нивните концерти, дека е дојден сноп од светлина наместо упорна „јебена вукојебина“ - песимизмот е состојба која може и мора да се победи, инаку се́ што имаме е бетон и челик (и понекој лудак кој се обидува да ги префарба со водени бои)
Ова како забелешка за инсистирањето на користење на „Новиот македонски бран“(одговор на „новите бранови“ на 80-те, карактеризација која остана).
На страна од тоа, од каде и да доаѓа овој дух, оваа генерација, секако се свои уметници, цели луѓе, секако. Кои ја сватиле задачата која ја имаат, додека го трчаат нивниот круг. Сосема нивен, секако.
Македонски нов бран?
Колективот „Гола Планина“ е посветен на изградба на нов културен пејсаж во Македонија и околниот регион. Нашата мисија вклучува да ги негуваме уметниците и да им обезбедиме основни музички деловни ресурси за да им помогнеме да успеат. „Планината е Гола!“ служи како наш слоган, предизвикувајќи го песимизмот околу македонскиот музички пазар и отворајќи го патот кон нов, просперитетен музички пејзаж.
Верувам дека оваа порака ве наоѓа во добро и сте превозбудени за претстојната музичка конференција ПИН во Скопје. Се викам Леон го имам задоволството да сум дел од раководството на колективот Гола Планина, динамична сила на македонската музичка сцена.
Возбуден сум што можам да ви упатам топла покана да бидете сведоци на енергичните настапи на нашите четири извонредни бендови: Dimish, Alembic, Conspiracy и Vagina Corporation. Секоја група носи уникатен вкус на сцената, спојувајќи ги различните нишки од културната таписерија на нашиот град во хипнотизирачко аудитивно искуство.
Ако сакате да пеете со нас…
Нормално дека сакаме, додека уште можеме, мораме...
Comentarios