top of page

Грајмс и Елон Маск имаат второ дете-ќерка

Грајмс откри во интервјуто за Венити Фер дека имаат тримесечна ќерка, која ја викаат нагалено Вај(Y), која ја добиле преку сурогат. Полното име и ́ е Exa Dark Sideræl. Тоа е нивното второ дете, првото е син(веројатно - модерните родители се воздржуваат да го наметнат родот на своите деца) кој го викаат Екс( X) - а целото, владино име му е X Æ A-Xii, кое Грајм објаснува се изговара : „"како буквата X.А потоа A.I."(ЕјАј). .





Таа ја викнала новинарката на Vanity Fair да разговараат за нејзиниот албум Book1 (во моментот кога го пишуваме ова го нема на стриминг платформите) кога се слушнало плач на бебе од горниот спрат(Икс бил со татко му). Новинарката првично го игнорирала,но морала да праша:


- Дали имаш уште едно бебе во твојот живот, Грајмс?

Јас немам слобода да зборувам за овие тема. Што и да се случува со семејните работи, само чувствувам дека децата треба да се држат настрана.

Но сега веќе воопшто не е тајна - тие добиле дете со сурогат, затоа што минатата бременост била исклучително комплицирана, не само што се соочувала со крварења, туку бебето притискало на нерв а тоа резултирало со паѓања кои во подоцнежните стадиуми на бременоста биле опасни и за нејзе и за бебето.




Минатата есен Маск, откри дека тие веќе не се заедно, односно дека се наполу заедно, а кога новинарката на Vanity Fair ја прашала Грајмс да појасно дали се заедно таа одговорила : „ Да. Не. Што подразбирате под „заедно“?

Нема вистински збор за тоа“, започнува таа. „Веројатно би го нарекувала како мој дечко, но ние сме многу флуидни. Живееме во посебни куќи. Ние сме најдобри пријатели. Се гледаме цело време… Ние едноставно си имаме секој своја работа на која работиме и не очекувам другите луѓе да го разберат тоа..Сега сме во најдоброта ситуација во која што некогаш сме биле... Треба само да бидеме слободни“. Тие планираат да имаат и повеќе деца. „Отсекогаш сакавме барем три или четири“.


За нивната врска вели дека таа е негов бот за задоволство: „ „Продолжуваме да го водиме овој разговор каде што Е вели: „Дали си вистинска? Или живееме во моето сеќавање, а ти си како синтетизиран придружник кој е создаден да биде мој и овде?“ Степенот до кој се чувствувам конструирано да бидам таква совршена придружничка е луд“.






Признаваме дека се боревме со цела сила да не го гледаме ова со голема доза на цинизам и потсмешливост, и се потсетивме дека студентите на уметност (што Грајмс сакала да биде но немала пари) често си земаат слобода да си поигруваат со јазикот и начинот на кој ја перцепираат реалноста, а фактот дека тие и надвор од младешкиот ентузијазам (таа во своите 30ти а Маск во своите 50ти) се́ уште си даваат дозвола на себе да бидат креативни во комуникацијата на пример, е шармантно.





За тоа како е да се гради фамилија со официјално најбогатиот човек на светот, вели „Мислам, кога луѓето велат дека сум класен предавник, тоа не е...неточен опис . Од припадник на крајната левица се претворив во суштински капиталистички демократ. Многу луѓе се разбирливо вознемирени“. Но таа сака да знаете дека тој не е олицетворение на расипнички луксуз „Како, братот не би добил ни нов душек“. Ова се однесува на заедничкиот живот во Лос Анџелес. Нејзината страна од душекот имала дупка во неа. Кога таа го покренала прашањето, тој предложил да го заменат неговиот душек со оној во нејзината куќа. Сега душеците се во ред. Сепак: „Братот не живее како милијардер. Братот живее на моменти под прагот на сиромаштија. Зарем не може да живееме во многу несигурна куќа од 40.000 долари, до степен до кој бев јас? Каде што соседите не снимаат, а нема обезбедување, а јас јадам путер од кикирики осум дена по ред?“

Баш ни́ е жал...дали има Go Fund Me да донираме, да застанат на нозе? :(





На Илон Маск ова му е девето дете, а на Грајмс второ.

р


Comments


bottom of page