top of page

Грижа за себе според Beyoncé



Beyoncé веќе со години не дава интервјуа. Привилегија која освен кралицата на Комонвелтот може да си ја дозволи и Beyoncé, и притоа да знае дека кога и да се врати со проект ќе го има вниманието на јавноста, со несмален интензитет. Затоа новото издание на Harpers Bazaar е фино да се види, наспроти нејзиниот 40ти роденден, патем и да ја испромовира Ivy Park соработката со Аdidas (chop chop Бијонса треба да ја стигнеш Rihanna)…


Што е битно да се истакне од интервјуто, a што не сме слушнале до сега? Не многу (ретко бега од строгиот медиски тренинг), но еве цитат со кој се може да се поистоветиме “Во минатото поминав толку многу време на диети, со мисконцепцијата дека да се грижиш за себе е да вежбаш и да држиш диети. Моето здравје, како се чувствувам кога ќе се разбудам наутро, мирот, колку пати ќе се насмеам, со што го хранам мојот ум и тело, на тоа се фокусирав минатиов период. Менталното здравје е форма на грижа за себе. Се обидувам да го прекинам кругот на лошо здравје, запоставување, се фокусирам на суптилните знаци што ми ги дава телото. “. Тоа е Beyoncé, години…

Comentários


bottom of page