top of page

Дали сте заљубени или станува збор за лимеренција?

Updated: Feb 14



Лимеренција. Илустрација: Хелен Бланк
Лимеренција. Илустрација: Хелен Бланк

За повеќето луѓе затрескувањата доаѓаат и си одат. 

Но за други, копнежот може да трае со години и да стане зависност.

Искра на заинтересираност станува опсесивна руминација што го одржува овој погубен коктел на надеж и сомнеж.

Тоа не е затрескување.

Тоа е лимеренција.


Лимеренција е состојба на преплавувачки и неочекуван копнеж за емотивен реципроцитет од друг човек познат како лимерентен објект (ЛО), кој е често доживуван како совршен но недостапен.


Ова може да наликува на текст на песна од Тејлор Свифт, сцена на „Големиот Гетсби“ или стихови на сонета на Шекспир. Искуството на лимеренција е безвременско но терминот е релативно нов. 


Во 1979, Дороти Тенов, експериментален психолог и професорка на Универзитетот на Бриџерпорт, го состави терминот „лимеренција“ во нејзината книга „Љубов и лимеренција: Искуството на заљубеност“ засновано на деценија на истражување и неколку стотини студии на тема романтична приврзаност.

Она што ја разликува лимеренцијата од затресканост, или љубов е интензитетот, емотивен тобоган кој варира од еуфорија до очај. Џулија Поеиро, психолог и истражувач со ум склон кон лутање, кој работел во Универзитетот на Сасекс во Англија рече „Било кој знак на отфрлање може да придонесе некој да го удри дното, и секој знак на интерес може да придонесе некој да се вивне во височините. Тоа е бесконечна игра на „Ме сака - не ме сака.“ 


Лимерентите, длабоко исплашени од одбивање, дозволуваат нивната само-почит да почива во рацете на ЛО кои можеби не се ни свесни дека постојат.

ЛО најчесто е пријател, колега, или странец кој е сретнат на минување. Тоа, исто така, може да биде некој со кого сте имале кратка романтична средба која делува неразрешена, објаснува Др.Поеиро, посебно доколку ЛО продолжува да остава трошки позади себе. 


Су Крамп, 67 годишна волонтерка во хуманитарна продавница, за ментално здравје, во Шефилд, Англија, рече дека 18 месеци опсесивно гледала ЈуТјуб видеа во кои бил нејзиниот ЛО - многу помлад, оженет пеач кој таа го сретнала на кратко, само неколку пати. „Фантазирав за врска со него, и давав значење на СМС-и и онлајн пораки кои тој ги прати како одговор на моите. Таа се обрати на група за поддршка на Фејсбук брзо откако изолацијата поради карантинот за време на пандемијата само го зголеми копнежот. „Тоа ме натера да сфатам дека не сум сама, и дека не збудалувам.“- рече Крамп.


Лимеренцијата се храни преку репродукција на спомени и вежбање на идните интеракции. „Има прилично интензивно ментално патување низ времето“, рече д-р Поерио, кој побара од испитаниците да напишат описи на овие фантазии. „Тие често не се романтични или сексуални по природа. Во голема мера тие копнеат да се чувствуваат сакани и згрижени“.

Крис Грегори (53), овластен инструктор по јога во Денвер, се сеќава дека за прв пат ја доживеал лимеренцијата во средно училиште. „ Ќе се затрескав лудо и опсесивно, но потоа не би се додворувал.  И конечно ќе бев сомелен затоа што не реагираа   на начинот на кој сцената се одвиваше во мојата глава и срце. Се чувствував недостоен“, рече тој. Грегори продолжил да искусува незадоволство во текот на неговиот возрасен живот, рече тој, но го помешал со чувство на љубов.

Лимернцијата која е насочена кон една личност може да трае многу години, дури и додека сте во врска со некој друг, објаснува д-р Поерио. Како и да е, повеќето луѓе се сериски незапирливи, имаат еден ЛО по друг, заглавени , бркајќи го истиот допамин што го чувствуваат во почетните фази на љубовта.


Циклусот на награда на мозокот


д-р Џадсон Бруер, психијатар, невролог и автор на „Размотувајќи ја анксиозноста“, ја опишува лимеренцијата како зависност. „Кога некој е на диета, опседнат е со храната. Така, можете да го замислите ова како диета на личности“, рече д-р Бруер. „Тие се заглавуваат во фантазиите кои се ориентирани кон иднината и жалат што се ориентирани кон минатото“.

Ако тригерот е осаменоста или здодевноста, на пример, како резултат на однесувањето се предвидува реципроцитет од ЛO, додаде д-р Бруер. Тој реципроцитет никогаш не доаѓа, но самото исчекување ја дава наградата, допаминот.

Д-р Бруер додаде: „Допаминот е гориво за авиони. Тоа е она што нè мотивира да направиме нешто“ - дури и ако правењето нешто значи само исчекување. Неизвесноста, или наизменичното засилување, со повремената комуникација од ЛO го држи нашиот мозок навлечен. „Тоа е бензин истурен на огнот“, рече д-р Бруер. Почнуваме да ја гледаме анксиозноста како возбуда и возбудата како радост.


Културата како катализатор


Има се поголем број наонлајн групи за поддршка и информативни блогови. Психолозите и социјалните научници не се изненадени.

Александра Соломон, лиценциран клинички психолог во Чикаго и водителка на поткастот „Премислување на љубовта„  вели: „Овде има цел културен елемент за начинот на кој онлајн запознавањето и културата на мување создаваат клима на ниска одговорност и поттикнуваат несигурна приврзаност. Има еден вид колективна несигурност“.

 Истражување за американските перспективи откриле дека речиси една третина од соло Американците (приближно во еднаква мера помеѓу меѓу мажите и жените) биле изложени на „гоустинг“ (кога некој со кого сте во контакт без образложение ќе го снема и ќе ја прекине комуникацијата) од некој со кој се забавувале. Недостатокот на комуникација вообичаен после физичката интимност е доволен за да натера многу луѓе да се чувствуваат анксиозни , ако не и лимерентни.

Со опциите кои се толку бројни, што изгледаат бесконечни, луѓето делуваат како да се потрошни. Да бидете подложен на „гоустинг“  може да создаде постојано отворен таб во вашиот мозок. „Лесно е да се чувствувате како да немате обврска да го притинснете икс-от“, рече д-р Соломон. „Можете да почнете да проектирате на таа личност цел куп на „што ако“ претпоставки. Лесно е да се идеализира некој што штотуку сте го запознале“.

Додека луѓето кои се соочуваат со лимеренција често го ставаат својот ЛO на пиедестал, социјалните медиуми дополнително ја поттикнуваат идеализацијата. Поединците кои ги разменуваат профилите на Инстаграм во кафулиња веднаш имаат пристап до повеќегодишни курирани податоци што можат да ги користат за да ја издигнат другата личност во нивните умови, објаснува проф.Џенифер Даглас, психолог и клинички професор на Стенфорд.


Кога настанува проблем?


Повеќето луѓе искусуваат одреден степен на лимеренција, рече д-р Поерио, но тоа е проблематично кога е неконтролирано. Д-р Поерио ја користи аналогијата на личност чиј ум е киднапиран. „Тоа и́ пречи на вашата способност да имате значајни, реални односи бидејќи одржувате романтична врска во вашиот ум. Тоа е нормален процес кој тргна по зло“.

Винсент Харис (49),  писател од Гринвил, Јужна Каролина, вели дека го изгуби својот прв брак и работа откако го запозна својот најнов лимерент преку социјалните мрежи за време на пандемијата.

„Три години се чувствував како да живеам под облак. Немав друга мотивација освен да  се слушнам со неа“, рече Харис. „Бев парализиран од страв дека доколку се обидам да ја исконтактирам, ќе кажам погрешна работа. Како што таа го намалуваше контактот со мене, јас станував поочаен и неурамнотежен“. 

Во мај 2023 година, тој беше медицински лекуван за вториот нервен слом.


Како да престанете со интензивниот копнеж?


Култивирајте сочувство за себе и понаменски живот: Д-р Бруер препорачува да вежбате со љубовна љубезност медитација за да се развие самосочувство и да се создадат врски со другите кои не бараат ништо за возврат. Скенирањето на мозокот покажува дека практикувањето на оваа медитација го деактивира делот од мозокот кој е активен за време на копнеж или грижа, според д-р Бруер.

Можете исто така да се вклучите во активности кои ќе ве приземјат со луѓе кои ви носат радост и исполнетост. За г. Г. вежбајќи присутност му помогна со лимеренцијата Тој и́ припишува на работата во образованието за јога и трезниот живот со тоа што му помага да негува искрени, отворени односи со луѓето.

Наруши ја фантазијата:Бренди Вајант, психотерапевт од Арлингтон, Масачусетс, која е специјализирана за помагање на пациенти со опсесивно-компулсивни нарушувања, ја опишува нејзината животна историја со лимеренција и десетнеделниот третман што го намали нејзиното опсесивно премислување во објавена студија на случај на лимеренција.

Една од техниките за когнитивна бихејвиорална терапија која функционираше за г-ѓа Вајант ги наведуваше сите начини на кои таа се обидува да бара физичка или емоционална блискост со нејзиниот ЛO. Тоа може да биде мечтаење, повторно слушање пораки на говорна пошта или плејлисти, препрочитување пораки, вежбање на пишување на пораки или гледање слики. Таа рече да се рангира она што е најлесно до најтешко да се запре, а потоа да започне со најлесното.

Една стратегија што таа ја користи со своите клиенти за да го деидолизира нивниот ЛO е наведување на причините зошто ЛO не е совршен. Друга листа вклучува начини на кои ЛO и пациентот не се компатибилни.

Именувајте го за да го контролирате:Можете намерно да ја прекинете навиката со тоа што ќе ја повикате - „Здраво, лимеренцијо!“ - и обрнувајќи внимание (на пример, преку пишување дневник) на тоа како се чувствувате кога сте во таа состојба на копнеж. Препознавањето на чувствата на самоомаловажување, анксиозност и депресија ќе доведе до разочарување, рече д-р Бруер.

Исто така, треба да верувате дека заслужувате повеќе. Како што напиша д-р Тенов, „Лимеренцијата може да подразбира живеење на долг живот одржан со јадење на трошки“. Не дозволувајте да ве изгладнува од време, енергија и самодоверба. Тоа може да ви го одвлече вниманието од емотивно достапниот љубовен партнер пред вас.



Аманда МекКрекен е хонорарна новинарка и есеистка која пишува книга за лимеренција врз основа на нејзиното истражување и лично искуство, за кои таа зборуваше во нејзиниот говор на TEDx.Колку копнежот не спречува да имаме здрави врски.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page