Да Џака Накот со нов албум!
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Dec 2, 2021
- 1 min read
Најплодниот не само рапер, не само музичар, веројатно и во категоријата уметник Da Dzaka Nakot издаде уште еден албум, но од она што успеавме да чуеме не на сметка на производот. За заситеност во културно изгладнета средина не може да стане збор, но токму тој глад парадоксално се чини дека го храни лиричниот змеј.
Да го преслушаме како што треба и следи ривју. Ова е само препорака да тркнете до Apple Music/Spotify/Youtube или која и да е вашата платформа и да дадете придонес на македонската сцена и нешто за себе.

댓글