И го слуша неговиот саундтрак.
Брет Морген (Brett Morgen) повеќето од оние кои го читаат текстов го знаат по Montage of Heck - биографскиот филм за Курт Кобејн, или филмот за Кобејн кој е посветен во функција на неговата биографија. По прв пат ги гледавме Новоселиќ, Грол, Куртни Лов, неговата мајка како од прва рака сведочат за текот на настаните, па затоа може да се исцрта јасна траекторија, од - до, но таа линија е потопена во снимки, од музиката, од домашни филмови, и видеа….и она што го направи посебен, но и уметничко дело само по себе. Во краткиот и трагичен живот, на Кобејн, моментот на гасењето на животната светлина, испровоцирана од зависноста, но сосема веројатно и вертеровска егзистенцијална криза, не е возможно да биде обилно документиран(можеби и е добро што е така, затоа што кратките секвенци кои ги видовме, беа срцепарателни). Затоа, тој е илустриран/анимиран и со тоа му дава посебен квалитет на филм кој би можел да стои самостојно, доколку Кобејн би бил фиктивна личност.
Moonage Daydream – A Brett Morgen Film се сретнува со дијаметрално спротивниот „проблем“(од режисерски и организационен аспект): Боуви има живот повеќе од дупло подолг од оној на Кобејн, и траекторијата во еден момент се поклопува, приказната заличува. Екцесивната, ексцентирчна рок ѕвезда мора да помине крштевка на оган, сумирана во фамозното „секс, дрога и рокенрол“ кој е опасен процес. Но ако нешто учиме за Боуви од Moonage daydream е дека е исклучително талентиран во живеење, во дозирање, во тајмирање, и проценување. И Брет Морген ја зема заслугата за тоа што не го поклопува гледачот со Боуви материјали, туку има јасна линија на животно патување. Во првата етапа од неговата кариера на Рок ѕвезда(фактот дека денес, социјалните медиуми во Македонија се преплавени со музика од Боуви со пораки колку тој им значи на луѓето овде, сведочи за сјајот на таа ѕвезда) тој ја има присебноста во хаотичноста на тој живот - да се дистанцира од егото на рок суперѕвездата, и да и́ додели улога на Вонземјанин, Зиги, Alien Rockstar. А вториот падобран, брод за спасување - посветеноста кон духовниот живот, како ученик со сите петки, на светските религии, филозофии, патувања но и испробување и посветување на сликарството кое го наоѓа во Западен Берлин.
Низ интервјуа испреплетени со музика - саундтракот има уникатни и „никогаш претходно слушнати“ верзии и парчиња музика
А Боуви, низ мрежата на неговата уметност, го гледаме како испливува на сигурно, во своите четериесетти години со смиреност и мудрост на монах - со тоа што ја наоѓа својата сопруга Иман со која останува до крајот на својот живот (и таа до ден - денес е заљубена со фасцинатна посветеност) и станува татко, повторно,
Овој несекојдневен живот, живот добро изживеан, е оставен да диши во Муниџ Дејдрим и затоа (и овој) филм функционира добро. Брет Морген дозволува уметникот, Боуви самиот да каже, - и зборува во траењето на филмот - а некој кој е толку елоквентен е одличен столб на кој може да се потпре, како се́знаечки наратор, но на книга на животот. Дозволува музиката без да се искасапи, дури и кога има интервенции(вметнување на коментарите, гласот на Боуви) да го илустрира патот кој го изодува, но не го изоставува Боуви сликарот, уметникот, љубовникот.
Брет Морген работел на филмот четири години, но дури после три од нив, добил дозвола од Боуви имотот да ги користи архивите, кои требал да ги прочешла.
Од нив излегува саундтрак од над 40 песни, дупло ЦД и винил издание кое се очекува во 2023.
Rolling Stone го коментира саундтракот вака:
„ПРЕД објавувањето на документарниот филм за Дејвид Боуви, Moonage Daydream, откриени се детали за саундтракот на филмот, а придружната колекција може да се пофали со необјавени верзии во живо, исечоци од албуми, извадоци од интервјуа, оркестарски изведби и специфични ремикси на класичните песни на Боуви.
Како преглед на ексклузивните миксови на саундтракот „Moonage Daydream“, имотот на Боуви ја сподели верзијата на „Modern Love“ што се појавува во документот на режисерот Брет Морген.
Оваа верзија е уникатен микс, почнувајќи од изолираниот мотив за пијано на траката, а се надоврзува во рефренот пред да заврши на придружните а капела вокали, нудејќи увид во поединечните елементи кои го создаваат класикот што сите го знаеме и сакаме“, вебсајтот на Боуви. рече за миксот на „Moonage Daydream“ за стартерот на Let's Dance.
Други важни моменти од саундтракот на Moonage Daydream вклучуваат композиција во живо на „The Jean Genie“ од 1973 година и „Love Me Do“ на Битлси, во која се појавува Џеф Бек на гитара - изведба што беше снимена за време на последниот концерт на Боуви на Зиги Стардаст - исто така, како необјавен филм во живо од 1974 година на „Rock n' Roll With Me“.
Филмот Moonage Daydream можете да го најдете на овие платформи.
Саундтракот е на сите музички стриминг сервиси.
Comments