top of page

Дива појачало: Димитра!



Димитра деновиве го издаде своето второ издание „Работ на акција“, а во петок ќе го промовира во Буква во живо. Шарла, под чиј издавачки чадор е Димитра, на настанот на Фејсбук најавија:


„Почитувани,

Како што и најавивме, тргнуваме во зачестени музички средби со напредното граџанство. Поводот е јасен и радосен - десет години низ орбитите на македонската музичка (и не само музичка) паралелна стварност. Скромно, без галама и без ничија финансиска поддршка, подготвивме серија од неколку настани со различни содржини и на различни локации под еден наслов,

Шарла - 10 лета околу..

Почнуваме со нашата битолска друшка Димитра, чиј албум 'Работ на акција' така млад, а веќе започна да ги собира симпатиите на публиката наоколу. Не дека беше неочекувано, со оглед дека претходниот ѝ - Мак мрак LP лесно ги запоседна годишните топ листи на најдобри албумски остварувања во регионот (на една од нив го 'совлада' и легендарниот Дарко Рундек - и тоа на негов терен:). Како и да е, ова чудесно чупе во петок ќе ни помогне да разбериме некои работи за живото и свето барем онака како што се рефлектираат во нејзините ум и срце - и низ музика. Ќе го изведе во живо целиот материјал од 'Работ на акција' и ќе ви подаде рака на музичко пријателство онака како што тоа го прави на веќе пет музички изданија позади себе. Ќе се согласите дека тоа е доволна количина младост и искуство за да ѝ се препуштите на оваа акција. Притоа, во прекрасниот амбиент на дворот на Буква ќе можете да си набавите тазе јубилеен Шарла merch пригодно подготвен за оваа прилика - маици, беџеви, плакати, CD изданија и музички прегратки во вид на песни од артистите и бендовите на Шарла. Дојдете и да наздравиме..оти шарлавечува - 10 години.“




Нашиот првичен впечаток за Димитра е - ретко ќе се најде музика за терање на босоноги жедни летни вечери од амбиенталната, трип-хоперска интимна музика (Евентуално Абра) ...




Целото ЛП „Работ на акција“ ќе го најдете на Bandcamp.

Веројатно не треба некоја посебна напомена, но сепак ќе повториме: доколку сакате да ја подржите вашата сакана уметност, купете албум, споделувајте, коментирајте....




Comments


bottom of page