Diana Spencer на подкаст!



CNN конечно влегува во подкаст играта, и тоа влегува на голема врата! Со голема но заситена тема: Diana Spencer. Подкастот се вика: When Diana Met… и пилот епизодата ќе биде "Кога Дијана ја сретна Камила Паркер". Водителката е Aminatou Sou која, ја знаеме од „Call Your Girlfriend” (Јави ѝ се на другарка ти), кој е неделен подкаст „тежок„ 351 епизоди, од 2014 година.


Значи, голема ТВ мрежа, застанува позади искусна подкастерка да направат содржина во медиум кој е меѓу најпопуларните во моментов за една од најпознатите жени во 20-от век, би требало чудо да не биде успешен.



„Просторот е многу збиен во моментов, бидејќи е голема комеморативна година. Што го разликува нашиот подкаст од општата галама е, тој е многу личен, и не е баш фокусиран на славата и гламурот. Ние сме во момент на преиспитување на начинот на кој ги третиравме јавните личност и во случајот на принцезата Дијана – некој што починал многу, многу млад, оддамна – сè уште има многу непознаници околу тоа која е таа, па сакавме да истражиме доста од овие пресврти во нејзиниот живот за да видиме што можат да тие да нѝ кажат за неа, но уште побитно за тоа каде беше јавноста во перцепцијата за Diana Spencer.„ . .


Само последнава година – две ги имавме Круната (Crown), го очекуваме филмот Спенсер (Spencer) каде Kristen Stewart ја игра Дијана), а и CNN неодамна продуцираше доку-серија во шест продолженија, но никогаш не сме ја чуле таа тема на подкаст. Исто така, после случувањата со Harry и Meghan Markel која се чини дека ја реплицира ситуацијата во која беше Дијана барем наизглед, и интервјуто со Опра, тука сме за било која содржина која нѝ е на располагање.


Подкастот "Кога Дијана се сретна со..." ја има својата премиера на 11 ноември.