*Spirits - на англиски означува и духови, и жестоки пијалаци.

Во текот на типична епизода од „Drink Champs“, која може да трае два или три часа, ќе се случат неколку работи. Нори (N.O.R.E.) ќелавиот рапер од Квинс кој стана подкастер, полека ќе се опива. Тој ќе им каже на своите гости, повеќето рапери и продуценти, колку многу ги цени - дека е обожавател и колега - додека ги потпрашува за ситниците од нивните кариери. А неговите гости, кои често се познати по нивните челични, непропустливи фасади, ќе избувнат во благодарна, речиси блесава смеа. Ќе изгледаат среќни и слободни.
„Drink Champs“ е еден од најпопуларните музички подкасти, и покрај преголемата должина на епизодите. Неговиот успех делумно произлегува од гостите од А-листата, кои се извлечени од историјата на хип-хопот: Grandmaster Caz, Lil Wayne, Snoop Dogg. Нори добива интервјуа што повеќето луѓе не можат да ги добијат. Во ноември,Кање Вест (Kanye West), среде засилените гласини за неговото ментално здравје, се појави во шоуто повеќе од три часа, зборувајќи за креативноста, папараците, неговото семејство и реформите во кривичното правосудство. Нори го притисна за политиката - неговата врска со Доналд Трамп - но, исто така, му даде простор да солира за диносаурусите, убавината на луѓето („Ние сме Божјиот врвен ајфон“, рече Вест), и во која од неговите дваесет и четири Греми статуетки тој моча. . Нори објавува плочи од деведесеттите, а неговите гости имаат тенденција да ја отфрлат својата персона во негово присуство. По смртта на ДиЕмЕкс(DMX), во 2021 година, обожавателите се свртеа кон неговиот полетен „Шампиони за пиење“(„Drink Champs“) изглед , каде тој прави шеги и се потсетува на своето куче*(нагалено за другар) од детството.
Шоуто започна во 2016 година, неколку години откако Нори и неговиот ко-водител, ДиЏеј ИЕфЕн( DJ EFN), направија програма на Сириус ИксЕм(Sirius XM). ИЕфЕн, кој е долгогодишен промотер, продуцент и диџеј на микстејпи во Мајами, ја балансира непријатната ревност на Нори со смирувачка енергија и основни прашања што го поставуваат контекстот. Во најдобар случај, серијата потсетува на деведесеттите и раните две-илјадници на радиото, кога хип-хоп ѕвездите се упатуваа до најблиската станица за да си ги искажуваат поплаките или да ги расчистат непријатните ситуации и трачеви, во неколку минути колку би имале на располагање. Денес, во ерата на Instagram Live и YouTube, тенденцијата е да се расправа на долго и широко, да се споделуваат тајни и да се спушта гардот - работи што уметниците како Нори ретко имале шанса да ги направат.
Нори е добро прилагоден на вијугавите ритми на подкастите. Тој природно зборува со ненамерно мрчење, но станува поанимиран како што напредува епизодата. Тој чувствува непријатност и ја смирува; тонот на серијата е некаде помеѓу „Свеж воздух“ и „Смек“, ДВД серии од две илјадите, кои прикажуваа нецензурирани интервјуа со изведувачи. И тој знае како да исцрта приказна, уживајќи додека гостинот се врцка и фаќа кривини низ анегдотите... Во една епизода, раперот Гоустфејс Кила( Ghostface Killah) се потпира на неговите зборови додека споделува приказна за транспортирање на Delfonics, соул групата од седумдесеттите, на студиска сесија - и влегување во престрелка на пат до таму. Во друга, пејачот Ти-Пејн(T-Pain) ја опишува ситуацијата кога го истурил Хенеси врз Бијонсе(Beyoncé). Нори во неверица, му ги повторува фрагментите назад на Ти- Пејн, нагласувајќи колку див мора да бил моментот. „Толку сум ебено неспретен, брат“, вели Ти-Пејн, смеејќи се.
Многу од најуспешните подкасти постојат во состојба на постојана носталгија. За минатото е забавно да се зборува; секогаш има филм или албум кој слави јубилеј. Но, хип-хопот долго време има непријатна врска со историјата. Тој издржа како глобално витална форма токму поради тоа што е толку прогресивен, што секоја генерација ќе биде прогласена како ирелевантна од следната. Како и Verzuz, веб-преносот за битки со песни, во кој уметниците се натпреваруваат за да видат кој има најдобар каталог „Drink Champs“ е реткиот успешен обид да се прослави минатото на жанрот без да се романтизира.
Кога Нори почна да рапува под неговото првобитно уметничко име, Нореага, индустријата смислуваше како да ги претвори хипер-локалните приказни за способноста на лукаво снаоѓање и дилање дрога во материјал за глобална слава. Имаше цврчење кое се перчеше во неговиот глас, а неговата назабена испорака сведочеше за фактот дека тој беше сиров, неполиран, валкан. „The War Report“, дебито во 1997 година што го објави како половина од Capone-N-Noreaga, е еден од најдобрите албуми на деценијата. Но, му требаа години да сфати дека другите уметници ги украсуваат нивните приказни, а не раскажуваат само од искуството. „Не знаев како да преувеличувам“, му вели тој на импозантниот рапер од Филаделфија Бини Сигел( Beanie Sigel) во една епизода. Често, највлијателниот материјал во „Drink Champs“ ги вклучува Нори и неговите гости кои потсетуваат на одамна заборавените ривалства, и средби со опасноста. Тие се ветерани на конфликт, благодарни што преживеаја.
Епизодата со Сигел е особено потресна. Гласот на Сигел е лут и затегнат, резултат на престрелка во 2014 година што доведе до оштетување на белите дробови. Имаше бурна кариера - повеќекратни затворски казни, лоша врска со Џеј Зи, кој еднаш гарантираше за неговиот карактер на суд - и Нори му поставува тешки прашања со нежна, разиграна љубопитност. „Јас сум променет човек“, вели Сигел со насмевка, додека Нори се обидува да му тури шот со јапонско виски. Сигел го ангажира својот братучед да пие во негово име и зрачи спокојство што го избегнало за време на неговите години како насилник, рапер кој е лојален на улицата. „Јас сум совршен пример за тоа кога држиш да бидеш реален ќе тргне наопаку“, вели тој.
Епизодата е приказна за памет, но никогаш моралистичка. Во своите најсекојдневни, дигресивни моменти, „Drink Champs“ станува речиси новинарска - усна историја за тоа како работела индустријата порано и за тоа како младите Црни уметници се обидувале да ги сфатат работите, додека напредувале. Во 2017 година, Нори беше домаќин на интервју со продуцентот од Атланта Џермејн Дупри( Jermaine Dupri), кој соработуваше со Ашер, Мараја Кери и Destiny's Child. Најпрво, Дупри делува на начинот на кој што изгледа во повеќето интервјуа: кул и пасивен, дур