„Долга реса“ на Шкарт во сабота во МКЦ

Од прва, насловот не може да наговести многу за темата, па и жанрот на филмот чија проекција е најавена во сабота, во 23 часот во МКЦ, во склоп на книжевниот фестивал „Друга приказна.“ Драган Протиќ Прота, ќе дојде во Скопје на разговор, и вели дека идејата за филмот првично се родила на погребот на мајката на нивен пријател, каде ја слушнале реченицата „Мама беше изискателна, нѐтераше да прескокнуваме преку ресите.“ - овој апсурд на претераноста на изразот на човековата љубов била искрата која ги мотивирала да го снимат овој документарец - иако се опишуваат себе како „непрактични филмаџии.“


Прота е член на колективот Шкарт кој настанал во Белград на тамошниот архитектонскиот факултет во 1990 година. Шкарт е колектив кој „сака да експериментира во својата работа, а најмногу во поезијата и дизајнот. Се занимава и со „архитектурата на човековите односи.“ Шкарт се потпишани како автори на филмот „Долга реса.“ Музиката на филмот е на Пеџа Вранешевиќ, од Лабораторија Звука - кои ја имаат искомпонувано Полетарац песната.


Што и кој е Шкарт - во стихови: