top of page

Дрејк против Universal Music Group: Легална битка во сенка на музичкиот конфликт со Кендрик Ламар


Drake pouting
Дрејк реши да покрене легален процес против сопствената издавачка куќа

Дрејк, една од најголемите рап ѕвезди на нашето време, влезе во правен конфликт со својата издавачка куќа Universal Music Group (UMG), обвинувајќи ја за манипулација во корист на неговиот ривал Кендрик Ламар. Пејачот кој важеше за „миленик“ на извршниот директор на UMG, Лусијан Грејнж - дури Кање го тролаше дека му е татко, а фановите шепкулираа дека Луси ликот од стиховите на Кендрик Ламар не се однесува на Луцифер туку на челникот на Universal.. Тој сега се наоѓа во непријатна позиција како противник на истата куќа што ја поддржуваше неговата кариера од самиот почеток.

Повод за правниот конфликт е хитот на Ламар, „Not Like Us,“ кој предизвика бурни реакции на музичката сцена. Песната, која вклучуваше остри коментари за Дрејк, дебитираше на првото место на листите, а беше прогласена и за „Песна на летото“ од читателите на Stereogum. Според документите поднесени од адвокатите на Дрејк, UMG и Spotify наводно користеле нелегални методи за да ја зголемат популарноста на траката, вклучувајќи користење ботови, манипулација на алгоритми и плаќање инфлуенсери за промоција.



Обвинувања за манипулации и нарушен однос со UMG


Во поднесокот, адвокатите на Дрејк ја обвинуваат UMG за користење на „неетички практики,“ вклучувајќи и намалување на лиценцните такси за Spotify, што довело до несоодветно промовирање на песната „Not Like Us.“ Еден од најконтроверзните моменти во документот е наводот дека Siri, дигиталниот асистент на Apple, наместо да пушта песни од албумот Certified Lover Boy, ги насочувал корисниците кон песната на Ламар, која содржи навредливи стихови за Дрејк.


Иако UMG го негира тврдењето, повикувајќи се на „високи етички стандарди,“ правниот тим на Дрејк тврди дека сите обиди за мирно решавање на проблемот биле игнорирани. Иако ова сè уште не е официјална тужба, туку „преакциски“ поднесок, случајот го потенцира затегнатиот однос меѓу Дрејк и неговата издавачка куќа, како и сложената природа на модерниот музички пазар, каде што дигиталната манипулација е наводно сè позачестена.

Со овој развој, иднината на соработката меѓу Дрејк и UMG е нејасна, но едно е сигурно – музичката индустрија внимателно го следи исходот на овој конфликт, кој би можел да создаде нови правила за тоа како се регулира дигиталната промоција и конкуренција.


Еве еден органски линк, за душа:




Стани Дивотно

留言


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page