Во последното интервју со Др. Дре и Снуп Дог за Complex направено по повод колаборацијата на нивниот нов албум Missionary, легендарното дуо зборува за нивната трансформација, новиот пристап кон создавањето музика и нивната цел да го вратат оригиналниот звук на Западниот брег.Интервјуто нуди ретроспектива на нивното легендарно партнерство и поглед кон иднината преку нивниот нов албум Missionary. Оваа долгоочекувана соработка не само што ја оживува нивната уникатна хемија, туку и го поставува звукот на Западниот брег повторно во центарот на хип-хоп сцената. Од нивниот почеток со Doggystyle пред 31 година, Дре и Снуп станаа синоним за автентичен звук, стил и визија што го обликуваа жанрот. Сега, како искусни архитекти на музиката, тие продолжуваат да креираат безвременски песни, демонстрирајќи зрелост и страст што се чувствува во секој такт. Нивниот заеднички успех се протега од создавањето на култни албуми и хитови, до водењето на музички империи и историски настапи, како оној на Супер Боул. Со Missionary, тие уште еднаш докажуваат дека се столбови на хип-хопот, пополнувајќи празнина со звук кој е истовремено класичен и модерен.
„Зошто сега?“ – „Зошто не?“
На прашањето зошто се одлучиле токму сега да го објават албумот, Снуп Дог вели:
„Сè уште сме во најдобрите години. Ние секогаш ја пополнуваме празнината кога правиме музика.“Др. Дре дополнува:„Станува збор за совршен тајминг. Музиката што ја правам сега е неверојатна, а Снуп постојано го докажува својот енергичен дух и работна етика.“

И двајцата се согласуваат дека создавањето на Missionary било сосема различно од тоа на Doggystyle. Дре вели:
„Кога работевме на Doggystyle, сè уште учев. Денес сум многу подобар и мислам дека луѓето ќе го почувствуваат тоа.“Снуп додава:„Овојпат, Дре не правеше само битови, туку ја продуцираше секоја нота, секој збор и секој момент.“

„Ние се натпреваруваме со самите себе“
Дуото не се обременува со успесите од минатото:
„Ние не ги слушаме старите песни. Се натпреваруваме со нас самите. Работиме за совршенство,“ објаснува Снуп.
Искрена критика за денешната хип-хоп сцена
Др. Дре признава дека ретко се инспирира од денешната музика:
„Не сакам да бидам непочитлив, но ништо што го слушам денес не ме натерало да си помислам: 'Зошто јас не го направив ова?'“Меѓу ретките албуми кои го инспирирале, тој ги споменува Good Kid, M.A.A.D City и To Pimp a Butterfly од Кендрик Ламар.

Најдобрите моменти од албумот
На прашањето кои песни најмногу ги гордеат, Снуп ја истакнува „Sticky Situation“:
„Се борев да ја задржам оваа песна, а Дре ја направи совршена.“Дре го избира „Now or Never“:„Мислев да ја извадам од албумот, но Снуп рече дека ќе ме застрела ако го направам тоа. Испадна неверојатна.“
Албумот Missionary е триумфално враќање на Дре и Снуп, кои остануваат неприкосновени архитекти на хип-хопот. Како што вели Дре:
„Ова е следното поглавје на нашата магија. Луѓето ќе го почувствуваат тоа.“
Comments