
Првата епизода од The Apology Line, минатогодишниот хит на подкаст мрежата Wondery, започнува со мрачен глас што интонира предупредувачка порака: „Следната содржина има описи на насилство, вклучително и сексуално насилство, и можеби не е погодно за сите слушатели“. Наречете го предупредување за содржина, ако сакате. А всушност, тоа е позитивно - го привлекува вниманието и ве вовлекува.
Основана во 2016 година од поранешниот извршен директор на Fox TV, Хернан Лопез, Wondery се етаблира како најсигурен снабдувач на палп: вистниски криминал(true crime) жанрот во подкастинг сферата. Тие ги држат слушателите приврзани, па може да се каже и навлечени, со стегнато уредување, злокобна музика како саундтрак, и ветување дека доаѓа уште една неверојатна фаза на заплетот.
Лопез има кажано во интервју, дека сфатил дека подкастингот е бранот на иднината кога ја слушнал првата сезона на Серијал, во 2014 година. Неговата иновација била да ги отстрани високоумните новинарски ноти - претензиите на Серијал да информираат и усовршуваат и да просветлуваат со поголеми општествено-политички прашања - додека го поттикнуваат сензационализмот: насилство, секс и, идеално, грозорморен судир на овие две.
Парите се уште една суштинска состојка. Подкастите на Wondery често се сместени во светот на богатите бели професионалци, можеби итро намигнување кон публиката која ја посакуваат огласувачите.
Валканиот Џон е за измамник кој се претставува како анестезиолог кој го измамува сопственикот на успешен бизнис за внатрешен дизајн во лажен брак. The Shrink Next Door ја раскажува приказната за психијатар кој наводно ги злоупотребува своите пациенти. Д-рСмрт се фокусира на случаи на страшни медицински грешки. Во универзумот Wondery, Хипократовата заклетва се победува, а високобуржоаските неурози вешто се разгоруваат.

Како и денешниот интернет, „Линијата за извинување“ им понудил на своите корисници анонимност, давајќи им слобода да бидат и брутално искрени и диво да лажат.
Нејзината завршна бонус епизода ѝ дава дотерување на формулата Wondery, допирајќи го боемското - но сè уште бела и од високата средна класа - средина. Ја раскажува приказната за Алан Бриџ, уметник од Њујорк, кој во 1980 година почнал да објавува флаери низ Долниот Менхетен, рекламирајќи нова телефонска услуга: „Внимание аматери, професионалци, криминалци, работничка класа или висока…Олеснете си ја душата! Повикајте не́ за извинување“. Известувањето ги советуваше повикувачите да го сокријат својот идентитет, велејќи дека нивните изјави ќе бидат снимени и „да се пуштат во јавноста во време и место за рекламирање“. Бриџ постави телефонска секретарка и повиците почнаа да доаѓаат: признанија од неверни сопружници, мамење студенти иситни крадци; приеми на тајни желби и скриени пороци; и помрачни, повознемирувачки сведоштва од поединци кои тврделе дека извршиле насилни злосторства, вклучително иубиство. Бриџ, кој го криеше сопствениот идентитет зад називот Господин Извинување, ги подр