top of page

Експертите споделуваат пет совети за преземање (и исполнување) на обврски со кои ќе бидете среќни

Од Џенси Дан


Се пријавив на „забавна трка“ пред три месеци. Сега настанот ме демне кога ќе го погледнам во мојот календар додека трчам низ изговори за да излезам од него. Сакам да бидам некој кој трча со километри со задоволство. Ама не сум. Зошто тогаш воопшто реков да?



Како и другите луѓе, и јас се пријавувам да правам работи што всушност не сакам да ги правам. Излегува дека е полесно да се посветите на нешто за што сте амбивалентни - втората свадба која вклучува патување на дестинација, ноќ на отворен микрофон со вашите соработници - сè додека настанот се случува во иднина, рече Хал Хершфилд. професор по бихејвиористичко одлучување и психологија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес и автор на „Вашето идно јас“.


Во своето истражување, д-р Хершфилд откри дека често се согласуваме на работи што не сакаме да ги правиме затоа што имаме тенденција да имаме аспиративна верзија на нашето „идно јас“ - сакаме да мислиме дека имаме повеќе време, интереси и великодушност отколку што всушност е случајот. Тогаш настанот се приближува, вистината се открива (сè уште сме истата личност) и заглавени сме со вкусот на зажалувањето. (Оваа тенденција исто така се нарекува и ефектот „Да... проклетство!“, што значи: „Да, ќе го направам тоа... Проклетство! Посакувам да не реков да“.)


Тогаш, како да го запреме овој циклус? Експертите нудат некои стратегии за да зацртаме пореален распоред.


Користете го вашиот тековен распоред како водич.


Празниот роковник, вели д-р Хершфилд, нè мами „да мислиме дека иднината ќе биде некоја магична земја на слободното време“. Затоа, пред да се посветите на нешто кое е неколку месеци подоцна, проверете го вашиот моментален распоред.




„Погледнете ги последните две недели од вашиот календар за да си дадете јасна претстава за тоа колку време обично имате во дадена недела. Ако работите се во брканица оваа недела, тие веројатно ќе бидат бурни и неделата на дебито на претстагвата на вашиот сосед во „Бригадун“.


Замислете дека обврската е побргу отколку што реално е


Ако некој настан е неколку месеци од сега, рече д-р Хершфилд, замислете дека ќе се случи следната недела или недела после нејзе. Дали би се обврзале? Ако одговорот е не, веројатно нема да биде повеќе примамлив за неколку месеци од сега, рече тој.



Уште се мислиш? Искалкулирајте ја цената.


Има некои настани, се разбира, кои се задолжителни и не треба да се прескокнуваат, како што е погреб или службено патување. Други може да будат страв, но имаат резултат. (За мене, еден таков настан е дарување крв.)


Ако сте амбивалентни, пресметајте ја цената поставувајќи си неколку прашања, рече д-р Хершфилд. Може да истражите како кажувањето „да“ се вклопува во повисоки цели, како што се работење да станете физички во добра форма или да стекнете повеќе пријатели. Или, рече тој, може да се прашате дали нешто од кое се плашите е „она што треба да биде еднократен настан ќе доведе до други покани?“ Уште едно добро прашање: Дали доколку се појавам ќе биде низок влог за мене, додека пак ќе направи голема разлика за некој друг?“ Ако е така, тогаш маката можеби вреди.



Вградете награда


Ако имате проблем да кажете „не“ во име на вашето идно јас, испробајте ја „не-супер техниката“ смислена од Дилип Соман, научник за однесување на Универзитетот во Торонто. Кога д-р Соман ќе одбие настан што не сака да го направи - да речеме, да присуствува на конференција - тој го става во својот календар со белешка во која пишува: „Не се согласив да го направам тоа“.



Подоцна, кога се релаксира во својот двор, „Ќе добијам известување од календарот што ме потсетува дека можев да сум на преполн аеродром обидувајќи се да се качам на лет назад дома“, рече д-р Соман, додавајќи дека „овој контраст помага да се зајакне мојата одлука да кажам не“.


Разгалете го вашето идно јас.


Доколку сте посветени на некој настан и знаете дека животот ќе стане зафатен или стресен, бидете фини кон себе практикувајќи „претходна грижа“. Тоа е она кое Недра Гловер Таваб, терапевт и автор на „Постави граници, најди мир“, го нарекува чинот на „создавање практики кои го намалуваат идниот стрес“.



„Што можете да направите денес за да се подготвите за она што претстои? - рече Таваб. Тоа може да биде одвојување време да бидете сами со себе или зголемување на времето што го поминувате со пријателите, рече таа. Она што е уживање и негување е различно за секого, рече Таваб, но „треба да избегнувате сè што не ви изгледа прекрасно“.


Ќе практикувам претходна грижа за моето не толку забавно трчање. Кога ќе се вратам дома од трката, ќе имам малку чоколадно тесто за колачиња во фрижидерот, подготвено за печење.


Пријателствата меѓу генерациите „го потврдуваат животот“.


Луѓето кои создале пријателства низ различни генерации откриваат дека постои неочекувана радост во поврзувањето со некој многу постар или помлад, кој може да ве отвори за нови искуства и свежи перспективи. Неколку „најдобри пријатели засекогаш“ со разлика од 40 или дури 50 години.



bottom of page