top of page

Заминувањето на Меган Маркел значи крај на политиката на екслузивни договори на Спотифај




Поткастот на Меган Маркл - Archetypes веќе не е ексклузивен за Spotify. Помалку од една година од нејзиното лансирање, платформата повеќе не сака да работи со Маркл и затоа нема да има втора сезона со нови епизоди.


Договорот на Спотифај со Меган Маркл и Принцот Хари беше еден од најголемите во светот на поткастингот, но се распадна по само една сезона. Според извори, договорот бил вреден околу 20 милиони долари, но двојката не успеала да ги исполни очекувањата на платформата. Нивната цел беше да создадат „возбудливи“ аудио проекти кои ќе „истакнат моќни и разнолики гласови и перспективи“ и ќе „нè потсетат колку сме сите поврзани“. Нивниот прв проект беше специјална епизода која ги содржеше приказните за надеж и сочувство од инспиративни гости за новата година.


Но, не беа сите воодушевени од нивната работа. Бил Симонс од Spotify, кој ја води монетизацијата на поткаст за аудио-компанијата, доведе во прашање колку беше пријателскa разделбата кога ги нарече Маркл и принцот Хари „ебени чергари“ за време на епизодата од 16 јуни од неговиот истоимен поткаст.и дека се́ што сака е да се збогува со нив.

Тој исто така рече дека никој не се интересира за тоа што имаат да кажат освен ако не зборуваат за кралското семејство и дека само се жалат на нив. Принцот Хари и Меган Маркл сè уште имаат договор со Нетфликс за да произведуваат различни видови на содржини.


Тоа не значи дека Spotify е целосно невин во распадот на врската. Еден агент изјави за „Холивуд репортер“ дека е „многу тешко да се направи нешто во Spotify“ и дека нема многу „флексибилност со овие големи зделки“.


Други имиња од талентите со висок профил кои исто така ги прекинаа договорите без обновување, беа Барак и Мишел Обама, чија продукција Higher Ground се префрли на Audible, и Естер Перел, која замина во Vox Media. Џемел Хил, чиешто шоу Jemele Hill Is Unbothered беше ексклузивно за Spotify од 2019 година, исто така се очекува да замине по завршувањето на нејзиниот договор ова лето.

Извршниот директор на Spotify, Даниел Ек, го призна „преплатувањето и прекумерното инвестирање“ во зделките за покастинг и таленти за време на разговорот за заработка на 25 април со аналитичарите. „Нема да го правиме тоа [повеќе] и ќе бидеме многу претпазливи во тоа како инвестираме во идните зделки за содржини“, рече Ек. „Оние кои немаат добри резулати, очигледно, договорите нема да ги обновиме. А оние што имаат добри реакции… очигледно ќе ги гледаме од случај до случај врз основа на релативната вредност“.




Деновиве, кога беше објавено дека Сасексите нема да имаат втора сезона, дојде со заедничко соопштение од стриминг гигантот и компанијата за аудио продукција на војводата и војводката, Archewell Audio. Според соопштението, двете страни „заемно се договориле да се разделат“ и се горди на она што го постигнале заедно.


Почетокот на поткастот беше одложен од најавениот почеток што предизвика сомничавост на слушателите, кои претпоставуваа дека можеби е само маркетинг стратегија на Спотифај, со тоа што се расфрлаат со големи имиња - но без содржина.

Според извори во аудио гигантот, двајцата не успеале да го исполнат стандардот за продуктивност потребен за да ја добијат целосната исплата, пишува Wall Street Journal.

Се смета дека неуспехот на војвотката од Сасекс ќе ја мотивира да бара нови партнери за да продолжи со нејзиниот поткаст со нејзиниот сопруг.







Веста за завршување на многу популарното шоу доаѓа откако блиските на принцот Хари и неговата сопруга објавија дека немаат ништо ново да кажат. Затоа новите документарни или други продукции со нив се чинат дека се осудени на пропаст.


Но сепак, тимот на Меган открива дека таа подготвува повеќе содржини за публиката на Archetypes, а поткастот ќе биде преместен на друга платформа.


Поткастот беше на врвот на топ листите на Spotify неделата кога беше премиерно прикажан. Тогаш се тврдеше дека Маркл била во преговори за втора сезона, но никогаш не можела да ја убеди другата страна дека може да понуди нешто поразлично од првите епизоди, во кои имало доста познати лица.

Comments


bottom of page