Zendaya сосема заслужено се најде на чело на списокот на највлијателни личности во 2022. Еве што кажа Denis Villeneuve за нејзе:
“За мене Зендаја е стара илјада години. Таа веќе живеела многу животи пред овој. А сепак, таа е млада како пролет. По некој нераскинлив парадокс, таа исто така остава впечаток дека е родена некаде далеку во иднината. Таа е безвременска и може да направи сѐ.
Само во изминатата година, Зендаја зрачеше како комета снимена на целулоид во филмот „Малколм и Мари“ на Сем Левинсон. Таа емотивно експлодираше додека нејзините тинејџерски години се дезинтегрираа во културниот феномен на Левинсон Еуфорија. Таа блесна во Spider-Man: No Way Home, филм кој доминираше на бокс офисот во годината кога стана муза на екстремите.
Но, Зендаја е многу повеќе од тоа. Таа и самата е автономна креативна сила. Културна икона во изработка. Личност водена од чиста инспирација, емпатија и почит кон нејзиниот занает, која ја користи автентичноста како нова суперсила. Изгледа бестрашна, нејзините корени се длабоки и сакам што сè уште се смее како дете. Зендаја е иднината. И нема ништо поутешно за мене. Ова е само почеток.”
Вилнев е режисер, неодамна на Дуна.
ความคิดเห็น