top of page

Иднината на лабораторијата на Марија Кири - Павиљонот де Сoрс - е неизвесна

Светот никогаш не престанал да го слави животот и прогресивната оставштина и работа на добитничката на две Нобелови награди, научничката Марија Кири.


Зградата во која Мари Склодовска-Кири – и нејзините колеги – складирале радиоактивен материјал додека работеле во Институтот на Радиум во Париз од 1914 година до крајот на нејзиниот живот, наскоро би можела да биде урната за да се отвори простор за деловна зграда на пет ката.


Локацијата во Париз раскажува уникатна приказна за нејзиното научно патување - нејзината лабораторија, Павиљонот де Сoрс .Сместен во Институтот Кири во Латинскиот кварт во Париз, Павиљонот де Сорс беше дизајниран од Анри-Пол Ненот во 1914 година.

Оваа зграда беше повеќе од само збир на камен и малтер за Кири; тоа беше светилиште каде таа ги водеше своите пионерски истражувања на радиоактивноста, место каде самата таа има насадено дрва кои се таму до ден-денес, но е и доказ за нејзината непоколеблива посветеност кон науката.


Сепак, иднината на оваа историска зграда е несигурна. Плановите за рушење на павиљонот за да се изгради истражувачки центар со пет спратови и да се прошири Институтот Кири се соочија со жестоко противење од асоцијациите за културно наследство, што резултираше со привремено прекинување на рушењето од страна на министерката за култура на Франција, Рима Абдул Малак.



Павиљонот е една од трите згради што го сочинуваа Институт на Радиум, кој оттогаш се спои со Фондацијата Кири за да го формира Институтот Кири. Институтот беше изграден да ја вдоми работата на Кири од Универзитетот во Париз и Институтот Пастер помеѓу 1911 и 1914 година. Институтот Кири, кој сè уште е сопственик на локацијата, одлучи да го сруши Павиљон де Сорс за да создаде канцелариски простор и сали за состаноци. дека истражувачите можат да останат на локацијата.

Според документите чии автори е Кири, тој бил изграден посебно од другите две лаборатории на локацијата бидејќи таму се подготвувале радиоактивни елементи и најактивните елементи можеле да ја попречат работата на физичарите во главната зграда.

Плановите за уривање, кои според Институтот Кири ќе започнат со деконтаминација на зградата на 8 јануари, беа објавени од Батист Џанезели, бранител на париското наследство, откако беше предупреден од статија објавена во септември 2023 година во La Tribune de l’ Art. Списанието објави дека на местото на Институтот Кири требало да биде урната зградата во арт-деко стил.



И покрај реакциите, историското значење на павиљонот не може да се преувеличи. Тој не беше само место каде Кири работеше на некои од своите најважни пректи, туку исто така стои како симбол на нејзиното трајно наследство. Тука таа го чуваше и припремаше радиоактивниот материјал за своите експерименти за лекување на рак, болест која на крајот го однесе нејзиниот живот.Сепак, павиљонот не е без свои критичари. Некои, вклучувајќи го и праправнукот на Кири, Марк Жолио, тврдат дека зградата, сега означена како потенцијална радиоактивна опасност, треба да овозможи изградба на современ истражувачки центар. Оваа спротивставеност помеѓу зачувувањето на минатото и патеката кон идните научни откритија го објаснува сложеното наследство на Марија Кири.Родена како Марија Склодовска во Варшава, патувањето на Марија Кири ја однесе до Универзитетот Сорбона во Париз, каде што го запознала Пјер Кири. Таа го наследила него како раководител на физичката лабораторија и стана  првата жена која ја водеше катедрата за општа физика на Факултетот за науки во Париз. Нејзиниот живот и работа се доказ за силата на научното откривање и непрестаната потрага по знаење.Без разлика дали павиљонот ќе опстане или не, наследството на Марија Кири останува неизбришливо. Нејзиниот живот и работа продолжуваат да ги инспирираат научниците ширум светот, а нејзината приказна, како и Павиљонот де Сорс, стои како доказ за трајната сила на научните откритија.


bottom of page