Извадок од Млеко на соништата од Леонора Карингтон


„Млекото од соништата“ е темата на годинешнато Венецијанско биенале, по надреалистичката уметница Карингтон која опишува магичен свет каде животот постојано се ревизионира низ призмата на имагинацијата и каде секој може да се промени, да се трансформира. Стане нешто и некој друг. Изложбата не води на имагинарно патување низ метаморфозите на телото и дефинициите на човештвото.

Сесилија Алемани го објаснува својот избор:

„Името на изложбата го носи од книгата на надреалистичката уметница Леонора Карингтон (1917-2011). Во 1950-тите, додека живеела во Мексико, Карингтон сонувала и илустрирала мистериозни приказни, прво директно на ѕидовите од нејзиниот дом, а потоа во мала тетратка наречена „Млекото на соништата“. Раскажани во стил на сон што изгледа дека ги ужаснува младите и старите, приказните на Карингтон опишуваат слободен свет, полн со можности. Но, тоа е, исто така, алегоријата на векот што наметна неподнослив притисок врз поединецот, принудувајќи ја Карингтон на живот во егзил: затворена во ментални болници, вечен предмет на фасцинација и желба, но и фигура на запрепастувачка моќ и мистерија, секогаш бегајќи од структурите на фиксниот, кохерентен идентитет. ”