Измамничката Ана Сорокина има изложба



Изложба на уметнички дела посветена на осудената измамничка Ана „Делви“ Сорокин беше отворена во Њујорк на 17 март и ќе продолжи до 24 март 2022 година.






Насловена „Ослободете ја Ана Делви“, изложбата прикажува пет цртежи направени од самата Сорокин.


Уметничките дела се скици и може да се гледаат и како автопортрети и како авто-пародии. Преку нив Сорокин покажува дека живее живот „на висока нога.„ Едно од уметничките дела ја прикажува како се релаксира внатре во нешто што личи на затвор со елени надвор од бодликавата жица. Сорокин користи стрелки за да ги нагласи нејзините „Miu Miu“ наочари и „Tom Ford“ маичка.






Уметничките дела се курирани од Џулија Морисон и Алфредо Мартинез.Интересно е тоа што Мартинез е фалсификатор на уметнички дела кој беше осуден пред околу две децении за продавање фалсификувани цртежи од Баскијат на колекционери.


Но, тој се стекна со слава подоцна како уметник, обработувајќи ја неговата ситуација и дури беше прикажан во MoMA.





Мартинез пресоздаде некои од делата на Сорокин. Еден од нив е насловен „Испрати биткоин“, на кој е прикажан Сорокин како носи Александар Ванг и пар „затворски чорапи“. Во него, Сорокин се гледа како гледа во огромен компјутерски екран и чита е-пошта, додека доминира пораката „Испрати Биткоин“ .



Освен скиците на Ана Сорокина/Ана Делви има и позајмени дела од уметници каде предметот на инспирација е токму таа.. Но иако е Во Њу Јорк, таа не беше присутна на изложбата, бидејќи е во центар за депортација, чекајќи да отпатува во Германија, каде папараците спремно ја чекаат на Франкфуртскиот аеродром.

Ана Делви е предводничка на таканаречената „изманичка култура„ која го привлече вниманието и насловните страни на јавноста преку серии како „Тиндер преварант„ и „Измислувајќи ја Ана „ ...