Кога Ким Катрал, и конечно одби да се врати во уште едно продолжение на Секс и град(како серија која се вика „ И едноставно така...„ ) го направи тоа со коментарот „ едноставно нема што повеќе да се додаде и каже„, на сите нас, кои ја следевме ентузијастично Секс и град но потоа разочарано филмските продолженија кога ќе ги начекавме на тв ни изгледаше и повеќе од разумно, дури и умерено.
Но - се чини дека хероините се искупија.
Главната замерка долго време на сметка на серијата беше сосема изместената слика за жените во Њу Јорк кои требаше наводно да бидат претставени: бели, богати, жени кои живеат мадам бовари тип на живот, без многу смисла или насока надвор од традиционални недоумици и фантазии. Мажите и во еден момент темата на децата, и нормално сексот кој ги врзува овие елементи заедно... Pose (Нетфликс) во својата финална епизода го кондензираа колективниот муабет во една сцена… Протагонистките, пак, на оваа пак серија, немаа ништо заедничко освен „градот„ - четири транс црни и браун жени седат на маса и одбиваат да нарачаат космополитен и со тоа ја одбиваат премисата на секс и град додека најдиректно ја исмеваат серијата.
И туку така ја прифати оваа критика, и точно затоа успеа да најде да каже, уште нешто, над две децении подоцна. Иако се враќа на своите стари лоши навики, Ја отворија сезоната со тоа што ги поставија овој пат трите протагонистки како изгубени, и заостанати Карен карактери. Претпоставуваме дека тоа е причината зошто многу од оригиналните фанови кои отворено се препознаваа во една од карактерите, објавуваа по социјалните мрежи во протест „ И едноставно така - се откажав од гледање на серијава„ - веројатно да бидат одразени во ова светло беше неугодна вистина да може туку така да се проголта..
Кери Бредшо која што ги голицаше миленијалките со своите наводни колумни и прашања околу кои ги градеа епизодите, кои се вртеа околу сексот и врските - сега одбива да се вклучи во разговорот, затоа што ѝ е премногу, во секс позитивен подкаст. Миранда се враќа во универзитет како студентка, и помеѓу младите колешки и црната професорка, прави низа на неумесни коментари, кои ја ставаат во опасност да биде „откажана„ и како карактер и помеѓу протагонистките. Шарлот се бори со фактот дека има небинарна ќерка.
Но серијата повторно ја ставаат во опасност да замре, преку тоа што ги помируваат трите хероини со светот кој се менува, но и со светот во кој што секогаш живееле, со привилегија да не мораат ниту да го видат ниту да учествуваат во него кога станува и малку непријатен. Ги помируваат со тој свет без скоро никаков конфликт, искушение или искупување. Тоа искупување е на ниво на анегдоти кои не се ништо повеќе од догодовштини на секојдневието. Сезоната уште не е завршена, но во овој момент, тие веќе се вклучени во новиот Ген Зи свет и почнуваат со навигацијата низ него, на начин кој веќе го видовме во оригиналната Секс и град, сите елементи се вратени со задржена свежина - и со многу повеќе етнички и расно, родово, хетерогени карактери (сладуњавите, празни филмови - веројатно сите сакаат да ги заборават, а и да не сакаат лесно е тоа да се направи - толку беа промашени.) А и Кери во серијата, се прешалта од колумнистка во подкастерка , just like that.
Comments