top of page

Кање покажува каде води троловската политика на десницата


На скеч на германското комичарско шоу „Browser Ballett“, човек во нацистичка униформа, скоцкан со чизми и црвена свастика на раката, маршира на улица во 1933 година кога друг маж саска: „Нацист“. Нацистот, вознемирен од навредата, се соочува со него.


Кога ви снемува аргументи, лесно е да играте на нацистичката карта“, вели нацистот. Тој продолжува: „Само затоа што некој не го дели мејнстрим мислењето, тој не е автоматски нацист“. Вознемирен, другиот човек одговара: „Но да се биде нацист е веќе мејнстрим. Вие националсоцијалистите веќе ја имате моќта“. На што нацистот, со скромна насмевка, вели: „Ах, заборавив. Во вашиот свет, сите се нацисти“.


Тоа е совршена сатира за тоа како функционира модерната десница. Десничарот започнува со фанатична провокација и, кога е искритикуван, се преиначува во фабричката поставка на тврдење е прогонуван, и на обвинувања за претерана чувствителност. Тој ужива во моќта што ја акумулира дури и кога се претставува како жртва. Оваа динамика е особено очигледна откако музичарот Кање Вест, кој сега се води како Је, ја објави својата намера да “death con 3 on JEWISH PEOPLE.”*(направи правописна грешка, и го замени дефкон - статус на подготвеност со death con 3 - мислејќи дека значи дека ќе изреагира бурно, насочено кон Евреите)


Обично, мејнстрим конзервативците се малку повеќе нијансирани во нивниот антисемитизам. Тие го осудуваат луциферскиот марионетски мајстор Џорџ Сорос или, како што направи Доналд Трамп во реклама за кампањата во 2016 година, со слики на истакнати Евреи во финансиите, се однесуваат на „оние кои ги контролираат лостовите на моќта“ и „глобалните специјални интереси“. Марџори Тејлор Грин ги припиша шумските пожари во Калифорнија во 2018 година на вселенските ласери контролирани, делумно, од банкарското семејство Ротшилд. Даг Мастриано, републиканскиот кандидат за гувернер на Пенсилванија - а не, општо, противник на религиозното образование - неодамна го нападна својот демократски ривал Џош Шапиро што ги испрати своите деца во „ексклузивно, елитно“ еврејско дневно училиште, велејќи дека тоа покажува „презир кон луѓето како нас“.


Таквата инсинуирачка реторика им овозможува на републиканците да разговараат со антисемитизам , и потоа да се навредуваат кога другите луѓе ќе забележат. Самото омаловажување тогаш станува дел од политичката порака: Тие луѓе повеќе нема да ви дозволуваат ништо да кажете! Вообичаено, овој перфоманс, зависи од јазикот со барем трошка двосмисленост, што му дозволува на говорникот да усвои став на наметната лажна наивност. „Очигледно сега е некој вид на расистичка работа ако зборувам за училиштето“, се збуни Мастријано.


Је, како и да е, не бере гајле за двосмисленоста. Минатата недела, откако Шон Комбс, раперот познат како Диди, го критикуваше Је за неговите „White lives matter“ (белите животи се битни) маици, Је ги објави пораките од нивниот разговор на Инстаграм во која го обвини Комбс дека е контролиран од Евреите. Тоа доведе до замрзнување на профилот на Инстаграм на Је, па тој отиде на Твитер, каде што беше пречекан од веројатниот иден сопственик на сајтот, Илон Маск. Таму, откако ја објави својата вендета против еврејскиот народ, Је ни се обрати директно: Вие дечки, си игравте со мене и се обидувавте да ме ставите на црна листа, како секој кој се спротивставува на вашата агенда“.



Ако републиканците беа способни за чувствување срам, можеби ќе почувствуваа нешто. Је, кој уште одамна го прифати Доналд Трамп, штотуку даде интервју со Такер Карлсон во кое тој ја осуди „безбожната агенда“ на медиумите и даде осуда против