top of page

Кендрик Ламар го претвори Супербол полувремето во видео игра!




Кендрик Ламар ( Kendrick Lamar ) испиша историја како првиот соло рапер што настапил како главен изведувач на Супербол шоуто на полувремето. Настапот од 13 минути, кој се одржа на 9 февруари, донесе моќна визуелна и музичка порака, а како што откри неговата соработничка Шели Роџерс, инспирацијата за шоуто дошла од видео игрите.



Шели Роџерс држи шипка
Шели Роџерс е креативен директор на сите скорешни Супербол настапи за полувремето


Видео игри како симбол на американскиот сон



Во ново интервју за Wired, Шели Роџерс откри дека идејата за концептот потекнала од самиот Ламар:

„Мислам дека тоа е симболично, негов начин да допре до младите. Голем дел од шоуто ја претставува неговата животна патека, патување низ американскиот сон.“

На сцената можеше да се забележи препознатливиот дизајн на PlayStation контролерот, со четири агли кои симболизираа копчиња од гејмерската конзола, што веднаш предизвика возбуда кај љубителите на гејмингот.


Минимализам со силна порака



Креативниот директор Мајк Карсон објасни дека продукцискиот тим се стремел кон чист, минималистички изглед кој ќе го истакне видео-играчкиот мотив.

„Дејв Фри(режисерот) и Кендрик сакаат работите да бидат чисти и едноставни, па затоа се одлучивме за монохроматски конкретен изглед, додека гејмерската естетика оживеа преку дијалогот, осветлувањето, кореографијата и музиката.“

Шоуто беше технички импресивно, со повеќе од 50 сцени и опрема тешка меѓу 680 и 1590 килограми, вклучувајќи го и легендарниот GNX автомобил, кој мораше да биде целосно демонтиран и никогаш повеќе нема да се вози.


🔥 Дисови кон Дрејк и рекорден стриминг по настапот



Освен што сценскиот настап беше естетска сензација, Lamar го искористи моментот за да продолжи со неговото ривалство со Дрејк ( Drake), испраќајќи неколку суптилни, но силни пораки во текот на настапот. Тоа резултираше со експлозија на слушаност – неговиот дис-траката ‘Not Like Us’ забележа зголемување на стримовите за 430% веднаш по шоуто.


Турнеја со SZA низ Европа



По спектакуларниот настап, Kendrick Lamar најави и европска турнеја „Grand National“ во соработка со SZA. Турнејата започнува на 2 јули во Келн, а ќе вклучи и голем концерт на Tottenham Hotspur Stadium во Лондон. Финалниот настап е закажан за 9 август во Стокхолм.


Европската турнеја:

07-02 Келн, Германија - RheinEnergieStadion

07-04 Франкфурт, Германија - Deutsche Bank Park

07-08 Глазгов, Шкотска - Hampden Park

07-10 Бирмингем, Англија - Villa Park

07-13 Амстердам, Холандија - Johan Cruijff ArenA

07-15 Нантер, Франција - Paris La Défense Arena

07-19 Кардиф, Велс - Principality Stadium

07-22 Лондон, Англија - Tottenham Hotspur Stadium

07-27 Лисабон, Португалија - Estadio do Restelo

07-30 Барселона, Шпанија - Estadi Olímpic Lluís Companys

08-02 Рим, Италија - Stadio Olimpico

08-06 Варшава, Полска - PGE Narodowy

08-09 Стокхолм, Шведска - 3Arena


🎟️ Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 14 февруари во 9:00 часот по локално време.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page