Naomi Fry писателка за The New Yorker во нејзиниот „културен коментар„ во текстот кој се вика Kim & Kanye & Pete & Julia забележа: „Улогата која ја игра Balenciaga со чиј дизајнер Demna Gvasalia Вест и Кардашијан изградија исклучително блиска врска во последниве неколку години, беше интригантно. Набљудувачите веќе забележаа дека е чудно, што парот кој се раздели се вградени во брендот, до таа мерка што изгледа како да си ја координираат облеката еден со друг. „Ми изгледа дека е без преседан тоа што Ким и Кање носат ексклузивно Balenciaga„- твитна писателот Патрик Сендберг оваа недела. „Да спонзорираш и облекуваш селебрити развод, изгледа како циничен а сепак брилијантен нов вид на покровителство„
Овој текст е напишан на почетокот на Јануари а оттогаш разводот доби нова димензија, и тоа прилично грда. Последното што го слушнавме од Кање е - тој одел наоколу и кажувал на луѓе дека Пит Дејвидсон има СИДА. Со тоа не само што го стигматизираше него, туку и ја обележа Ким. Околу обележувањето на Ким во интервју со блогот Hollywood unlocked, инсистираше дека се сретнал со Реј Џеј, за да земе лаптоп на кој имало уште секс снимки од нејзе - така делува дека онаа снимка која ја лансираше во универзумот на славни личности не е инцидентна и ја „деградира„ во порно глумица.
Сите вести што доаѓаа од страната на Кање, наговестуваат лош и грд развод, во кој единствен кој изгледа грдо - е тој.
Во исчекување на неговиот нов албум Донда2 - во кој со сигурност ќе има уште пикантерии - Balenciaga децидно зазема страна: на својот Инстаграм профил ги симна сите постови и цел еден ден ,единствениот пост беше фотографија од Ким К. Со тоа ја избраа својата страна... И покрај тоа што тој со месеци ги носи Баленцијага/Крокс чизмите, и наполни цел хотелски апартман со Balenciaga облека, за да си игра со новата љубовница - Julia Fox како со барбика, и покрај тоа што мерч-от од концертот со Drake беше потпишан од токму Balenciagа... и покрај тоа што Кање објави партнерство помеѓу него, Gap и Balenciagа- се чини дека недвосмислено се Ким во овој развод.
Comments