top of page

Краток документарец: Dad can dance

Во 2018 година, уметникот и филмскиот режисер Џејми Рос отпатува накај Банф Центарот за уметност и креативност, каде што во склоп на својата резиденција планираше да работи на проект за растенија кои се отровни и со афродизијачки својства. Но плановите на Рос се променија кога застана да се види на ручек со својот татко, Дејвид. Седејќи на кујнската маса, тој одненадеж стана емотивен и му раскажа на својот син за фазата од својата младост која никогаш не ја спомнал: и тој имал резиденција во Банф, пред четириесет и пет години. Тој учел балет, но на крајот се откажал, обесхрабрен од критиките на професорите кои го оцениле неговото тело - неговиот инструмент - како недостаточно. Дејвид кој сиот свој живот работел како финансиски консултант, споделувал многу спомени од својата младост, но тој никогаш не спомнал ништо за својот поранешен живот и соништата кои ги имал за себе како танчер.

Commentaires


bottom of page