Со руската економија во слободен пад, рубљата изгуби 20% од својата вредност во еден ден, Русија изолирана од западот, и напуштена од традиционално блиските соработници. Путин се спрема за нуклеарна војна и според некои шпекулации го однел семејството во бункери под Алтајските планини- можеби има Руси кои се спремни да ги игнорираат случувањата, и да си го тераат животот како и порано (Украинците го немаат тој луксуз) - но претстојното лето, руската публика која ќе сака да се опушта со рокенрол, нема да може да го направи тоа. Денеска музичарите почнаа да се јавуваат и да ги откажуваат настапите на фестивали и турнеите. Први беа шкотскиот рокенрол бенд Франц Фердинанд:
Ги откажуваме нашите руски настапи кои се закажани за ова лето. Единствена причина за тоа е инвазијата на руската држава врз Украина.
Ние ја сакаме Русија. Оваа голема земја го инспирираше нашиот бенд преку својата уметност и литература и откако првпат свиревме таму пред седумнаесет години, изградивме богат и длабок однос со нашите руски фанови. Од четвртокот наутро, разговаравме со многу наши пријатели во Русија преку социјалните мрежи и наидовме на едногласно противење на ова насилство и солидарност со нашите украински пријатели. Знаеме дека го гледате лудилото на раководството на вашата земја. Знаеме дека не сакате војна. Ние не сакаме војна. И покрај трагедијата на оваа ситуација, во нашите срца сè уште гори пламен на оптимизам и со нетрпение го очекуваме денот кога ќе се вратиме во време на мир и повторно заедно ќе ја споделуваме радоста на музиката.
Потоа почнаа да доаѓаат вести Green Day, Health, поранешниот One direction пеач: Louis Thomlison, но и Nick Cave:
Со оглед на актуелните настани, немаме друг избор освен да ги откажеме нашите настапи во Русија и Украина кои требаше да се одржат летово. Нашите мисли и љубов се насочени кон храбриот народ на Украина, нивниот херојски водач и сите оние кои страдаат од оваа бесмислена војна.
Украина, ние стоиме со вас и со сите оние во Русија кои се противат на овој брутален чин и се молиме ова лудило да заврши наскоро.
Nick Cave & the Bad Seeds
Iggy Pop:
Фестивалскиот настап на Iggy Pop во Москва на 10 јули 2022 година е откажан. Со оглед на актуелните настани, ова е неопходно. Нашите мисли се со Украинците и сите храбри луѓе кои се противат на ова насилство и бараат мир.
Дива може да се клади дека Laibach ќе бидат повеќе од среќни да ги забавуваат со лесните ноти со кои ги забавуваа граѓаните во Северна Кореа.
UPDATE:
Bình luận