top of page

Лабораториум ги поканува сите дизајнери и занаетчии за учество во „Лаб Дизајн Маркет“




Во среда, 28 февруари, на булевар Климент Охридски 68 во Скопје, ќе се отвори нов изложбен салон, најголемата заедница на македонски дизајнери и занаетчии. Ова е идејата зад „Лаб дизајн маркет“, проект кој ги повикува сите дизајнери и занаетчии да се вклучат и претстават своите производи и услуги.

Повикот е отворен за сите кои работат во текстилната индустрија, накитот, модните додатоци, производството на мебел, производите за деца и домот, осветлувањето и многу други области. Особен фокус е насочен кон рачната изработка, одржливоста, и етичкото производство, што го прави овој настан посебно значаен за нашата заедница.

Изложбениот салон ќе работи од вторник до сабота, од 12 до 18 часот, овозможувајќи на посетителите да ги разгледаат и купат најновите производи на македонските дизајнери и занаетчии. Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“, а целта е да се зајакне локалната дизајнерска сцена и да се поддржи македонскиот дизајн.



Ако сте заинтересирани за учество, најдете повеќе информации на интернет страницата на „Лабораториум“ и аплицирајте .

Стручната комисија ќе ја разгледа вашата апликација и ќе одлучи за вашето учество во „Лаб Дизајн Маркет“.

Не пропуштајте оваа можност да ги претставите вашите дела и да го поддржите македонскиот дизајн. Контактирајте го „Лабораториум“ за повеќе информации или аплицирајте на lab.design.market@laboratorium.mk или на телефонскиот број 078 401 909.

bottom of page