top of page

„Лери Дејвид“ направи нешто од ништо


На крајот на неговиот специјал HBO од 1999 година, ,,Larry David: Curb Your Enthusiasm" („Лери Дејвид: Зауздајте го вашиот ентузијазам“), Дејвид ја завршува својата стенд-ап комичарска рутина, со тоа што ѝ кажува на својата публика дека нема повеќе материјал за нив. „Ова се случува кога ќе ви се потроши ништото“, вели тој.


Шегата се однесува на познатиот опис на „Seinfeld“, ситкомот што Дејвид го создаде со Џери Сајнфелд, како „шоу за ништо“. Тоа е и во мала мера лага.


За почеток, секогаш беше погрешно да се каже дека „Seinfeld“  е шоу за ништо. Да, тоа беше анти-порака на милитантен начин, градење мали фарси околу четворица сингл Њујорчани, ослободени од деца, кои имаат неограничено многу време да седат по ресторани. Но, нивната алергија на искажувањето на ставови, беше став сам по себе; го направи шоуто амблематично на полнокрвноста, на крајот на историјата 1990-тите.


Второ, на Дејвид навистина не му се потроши ништото. „Лери Дејвид“    комедијата за лоши манири што произлезе од специјалот на Дејвид, започна на HBO во 2000 година. Се прикажува и трае речиси четвртина век, а 12-та сезона, почнувајќи од недела, ќе биде последна.

Во „Лери“, Дејвид се глумеше себе како „Лери Дејвид“, истовремено најпријатниот и најнепријатниот човек на светот, а своите поплаки ги проектираше на своите советници: Шерил (Шерил Хајнс), неговата сопруга и подоцна поранешна сопруга; Џеф (Џеф Гарлин), неговиот менаџер; Леон (Џеј Би Смув), неговиот постојан  гостин, кој се приклучи на серијата кон средината и ја исполни  улогата на демон на хаосот што Крејмер (Мајкл Ричардс) ја имаше на „Seinfeld“.


Може да кажете дека „Лери..“ беше едноставно премиум-кабелска верзија на „Seinfeld“, со импровизиран дијалог. Материјалот беше помрсен - да се потсетиме на печатната грешка на некрологот што ја претвори ,,beloved aunt"(сакана тетка)   во „beloved cunt“(,сакана пизда) во фраза што не можеше да се најде во ударните термини на NBC - средината e поавтобиографска и поочигледно еврејска.( На „Seinfeld“  Лери Дејвид го изгради своето откачено алтер его како Џорџ Костанца на Џејсон Александар, во крипто-Евреин со италијанско презиме.)

 Богатите ликови на „Лери Дејвид“ поминуваа исто толку време на појадоци  и размислувања за сендвичи колку што и бандата на „Seinfeld“. Само што нивниот рабуш беше поголем.


Но, „Лери Дејвид“ си беше во свој филм, во своето време. Слично како што „Seinfeld“ ги доловуваше ироничните вибрации на крајот на милениумот, „Лери“ беше комедија со печат на возбудената, антагонистичка ера на социјалниот интернет во 21-от век.


„Лери“ започна за време на транзициската ера на дигиталниот живот, веднаш по масовната популаризација на интернетот, токму околу времето кога се родија блоговите, неколку години пред појавата на Фејсбук и Твитер. Тоа не е, на површина, екстремно онлајн шоу, ниту Лери Дејвид е баш дигитален домородец. На почетокот на новата сезона, тој се впушта во еднострана виканица со некорисната Сири.


Но, комичниот мотор на серијата, конфликтот што се појавува кога различни кодекси на однесување се прекршуваат еден наспроти друг, е исто така континуираната драма на социјалните мрежи. (Ако некогаш сакате да знаете како е да се биде вистински омразен, искажете мислење на интернет за тоа дали треба седиштата да се спуштаат во авионите.)

Лери Дејвид е карактеристична фигура во комедијата, но тој е познат тип на интернет. Тој е типот што влегува во хаос, не ја спушта топката и стои на своето мислење -  и станува мета на масовно злоставување. „Секој ден на Твитер има еден главен лик.„ - гласи поговорката -  „Целта е никогаш да не бидеш тој лик“.

Лери е секогаш главниот лик. Тој е поттикнат од моќен спој на егоцентричност и самобендисаност. Тој верува дека неговиот личен код е сè што стои помеѓу цивилизацијата и анархијата на свински паркинг   и муабети и прекрати. Тој, исто така, верува дека другите луѓе се овци, следејќи ситни, бесмислени правила, без разлика дали тие се однесуваат на користење на празен штанд во бања за лицата со посебни потреби или одбивање на ресторанот да послужи појадок по одреден час.


Нему му е направена неправда! Го спопаѓаат будали! Тој е секој оној кој едноставно не сака да престане со поплаките на интернет, кој одбива да се извини, кој е апсолутно спремен да умре во таа битка. (Речиси можам да го слушнам како дијалог од „Лери“. „Дали навистина сакаш да умреш во таа битка, Лери?“ „Да! Всушност, јас ќе умрам во таа битка! Јас сум борбен човек!“) „Лери“, со својата река на навреди и обвинувања, може да се гледа како комичарски еквивалент на популарното Прашање на Reddit :Дали сум јас ... ум, антагонист?


И покрај тоа што Дејвид го отелотвори гневот на социјалните мрежи, тој исто така некако успеа да изделка лично исклучување од нејзината моралистичка заповед дека комедијата никогаш не смее да удира ниско.

Лери Дејвид - барем ликот - не се двоуми да ја собори. Тој е ударник! Повторлива тема на серијата е неговиот богат лик кој верува дека е прогонуван од работници, вклучувајќи, во последната сезона, масер, чистачка во хотел и повеќе келнери во ресторани.

Неговата спасоносна одлика е што Лери речиси никогаш не удира со тупаница, нагоре или настрана без да се повреди себе двојно посилно.  

Но, исто така, постои еден вид изопачен егалитаризам во жолчноста на Лери. Тој верува, како римскиот драматург, дека ништо човечко не му е туѓо, дека никој не е подобар или полош од него - и дека, според тоа, никој не добива пропусница од неговото непрестано жалење.

Како и неговиот претходник Мел Брукс (кој се појави во кастингот на Лери во неговиот мјузикл „The Producers“), Дејвид исто така играше со материјал што може да потоне помал комичар од него.

Во класичната епизода, Лери станува зависен од палестински ресторан за пилешко, кој предизвикува бес кога отвора продавница до еврејска месара, за сувомесни производи. (Иако заплетот може да изгледа како непријатен предзнак за војната во Газа во 2024 година, кога беше премиерно прикажан во 2011 година, алудираше на полемика за планираниот исламски центар во Долниот Менхетен, кој беше погрешно означен како „џамија на нултата точка“.)


Лери е вознемирен, како Евреин, од милитантните плакати на ѕидовите на ресторанот. Тој е заведен, како смртник, од вкусната живина и од една Палестинка што ја среќава таму, која го врти со антисемитски валкани муабети.


Дали епизодата е стереотипна? Дали тоа карикатурира? Дали исмева смртно сериозни прашања?

Да - брилијантно.


Преку навредата директно дува во трансценденција, водена од комичната филозофија дека сите луѓе се понижени, паднати и управувани од ниски страсти, пред сè Лери Дејвид. Тој ја завршува епизодата на паркинг помеѓу две бесни толпи: група еврејски демонстранти, вклучително и многу негови пријатели, и палестинските контрадемонстранти, вклучително и неговата девојка - племе наспроти племе, социјализација наспроти апетит, камерата го притиска на Лери вознемирено, неодлучно лице.

Интернетот, кој знае кога сте ја дестилирале човечката неволја во неколку секунди видео, ја нарече таа слика  меме. Истото го направи и со тематската музика на серијата,Frolic“, кои интернет жителите ја лепеа на видео од јавни личности во моменти на понижување, како Крис Кристи со поглед од илјада јарди додека стоеше зад Доналд Џеј Трамп, кого го поддржа на прелиминарните избори на републиканците во 2016 година.

Можете ли да направите политичко меме од „ништо“? „Лери“ не е „All in the family“, но беше повеќе подготвен да биде актуелен од „Seinfeld“ што можеше да биде .

 Сезоната 11 заврши со тоа што Лери испорача пародија на„Совршен телефонски повик“ на претседателот на Украина што доведе до првиот импичмент на претседателот Трамп. Лакот на последната сезона вклучува сценарио поврзано со изборите кое открива дека Лери станува неверојатен херој, заглавен помеѓу неговата желба да му се восхитува неговата либерална заедница во МСНБЦ и неговата неспособност да не биде самиот себе.

Поприкриена тема на последните епизоди е наследството на „Seinfeld“, особено неговото злоупотребено финале. Дејвид напола го егзорцира тој демон во 7-та сезона, која повторно ја обедини актерската екипа на „Seinfeld“ за да направи мета-повторување на стариот ситком во новиот ситком.


Но, минатото сè уште се наѕира. Во новата епизода, Лери налетува на неговиот најдобар не-пријател Тед Денсон - една од многуте познати личности кои се играат себеси во серијата - и разговорот се свртува кон тоа како Лери го напуштил „Seinfeld“ во неговите последни две сезони. „Но, ти го заврши финалето, нели? Прашува Тед. Лери погледнува во него: „Да, Тед. Го направив финалето“.

HBO не им го испрати финалето на „Лери“ на критичарите. Деветте епизоди што доведоа до него не се врвниот „Лери“, но има доволно смеење, неколку незаборавни повици и неколку Лери-изми - „Очекувам повеќе од себе цел живот, а тоа едноставно го нема“. - кои се најблиску до саморефлексија, што шоуто некогаш ќе дојде.


Сепак, со оглед на непредвидливиот распоред на серијата - до сега, таа беше направена само три сезони во една деценија - се прашувам зошто Дејвид воопшто почувствувал потреба да направи финале и дали шоуто може да се врати еден ден, како што Џорџ Костанца се врати на работа откако даде отказ на „Seinfeld."


Што и да мисли Лери Дејвид за човештвото, се сомневам дека тој нè познава премногу добро за да нѐ остави на мира. Кој знае? Можеби нема ништо во ракавот.



bottom of page