Ален Делон, еден од симболите на францускиот нов бран и незаборавна фигура во светот на филмот, почина на 18-ти август на возраст од 88 години. Како што потврди семејството, тој починал мирно, опкружен со своите три деца и останатите членови на семејството во неговиот дом во Души.
Делон сакал да биде погребан покрај неговите 35 кучиња. Бидејќи без него песот би страдал, француската филмска легенда сакала да го евтаназира и неговото последно живо куче.
Во неговите последни години, Делон живееше повлечено и беше во лоша здравствена состојба. Легендарниот актер изразил желба по неговата смрт неговото 10-годишно куче, белгискиот малиноао овчар наречен Лубо, да биде хумано усмртено и погребано покрај него.
Оваа желба предизвика реакции меѓу активистите и љубтели на животните, а француската хуманитарна организација Société Protectrice des Animaux изјавила дека „животот на едно животно не треба да зависи од животот на еден човек“. Тие истакнаа дека се спремни да го згрижат кучето и да му најдат ново семејство.
Сепак, ќерката на Делон, Анушка, ја увери јавноста дека Лубо ќе остане со семејството и дека дефинитивно нема да биде евтаназиран. Фондацијата Брижит Бардо, позната француска хуманитарна организација за заштита на животни, ги пренесе зборовите на Анушка дека „тој има свој дом и свое семејство“ и потврдуваат дека „секако Лубо нема да биде евтаназиран!“
За време на неговата кариера, Ален Делон не само што остави значајна трага во светот на кинематографијата, туку и покажа силна емпатија кон животните. Неговата последна желба можеби ги подели мислењата, но љубовта кон неговото куче останува неспорна иако изразена на начин кој се чини дека е себичен и ексцентричен.
Comentarios